Македонија
Грковска – Нефју: САД со поддршка за Северна Македонија за спречување на корупцијата и со мерки за одговорност за оние што ѝ наштетуваат на иднината на земјата
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на конференцијата на земјите потписнички на конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, имаше состанок со координаторот на Стејт департментот на САД за глобално спречување на корупцијата, Ричард Нефју.
Грковска му се заблагодари на координаторот Нефју за поддршката што САД ѝ ја дава на Република Северна Македонија, особено во однос на имплементација на политиките за добро владеење, реформите во правосудството, како и јакнење на капацитетите на правосудните органи.
Таа го информира Нефју дека на нејзина иницијатива е почната постапка за промена на Законот за рестриктивните мерки, во кој ќе се вклучат и правните акти на САД, по што македонските институции ќе имаат можност да преземат ефикасни мерки по објавувањето конкретни имиња на листата на санкции на САД за што веќе наредната недела ќе заседава работната група што таа ја предводи. Вицепремиерката Грковски извести дека во тек е и подготовка на друго законско решение, кое исто така ќе биде врзано со листата на санкции на САД, а кое ќе обезбеди друг вид конкретни санкции.
Координаторот Нефју ги поздрави напорите на вицепремиерката Грковска за креирање ефикасни механизми во справувањето со корупцијата. Тој упати јасна порака дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на Република Северна Македонија за превенција на корупцијата, вклучително и со мерки што овозможуваат одговорност за оние што им штетат на граѓаните и иднината на земјата.
Двајцата соговорници разговараа и за потребата од зајакнување на капацитетите на судскиот систем во делот на справувањето со корупцијата и организираниот криминал, при што заклучија дека тоа треба да биде еден од стратешките приоритети на нашата држава за наредниот период.
Грковска информира дека во завршна фаза е и подготовката на законот за конфискација на имот во граѓанска постапка за кој веќе се одржа јавна расправа и добиено е мислење од Европската комисија по што следува имплементирање на забелешките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

