Контакт

Свет

Студен бран ја погоди Кина, затворени автопатишта

Објавено пред

Бран студено време, кој зафати поголем дел од Кина, со температури под нулата, ги принуди властите да ги затворат автопатите или да го ограничат сообраќајот во неколку провинции по повеќекратните несреќи на замрзнатите делови од патот.

dobivaj vesti na viber

Според прогнозата на кинескиот Национален метеоролошки центар, температурите се очекува да се спуштат под минус 40 Целзиусови степени во делови од североисточната провинција Хејлонгџијанг и северозападниот регион Ксинџијанг, како и во провинциите Внатрешна Монголија и Гансу и Чингхај.

Студениот бран почна на почетокот на неделата и се движи од северот на Кина кон југ, температурите се очекува да се спуштат уште пониско во текот на викендот, а метеоролозите предвидуваат дожд и снег, пренесува „Ројтерс“.

Траектите и некои автобуси се привремено суспендирани во Шангај, каде што се очекуваат температури околу минус 6 степени во текот на викендот.

Пекинг и провинциите Џијангкси и Шанкси исто така презедоа мерки за зачувување на овошјето и зеленчукот од смрзнување, јавуваат кинеските државни медиуми, пренесува „Танјуг“.

Свет

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Објавено пред

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската агенција ИРНА.

dobivaj vesti na viber

„Раиси загина во неделата како последица на хеликоптерска несреќа што се случи поради технички дефект на леталото“, се наведува во извештајот на иранската државна новинска агенција.

ИРНА не ја прецизираше природата на дефектот на хеликоптерот, објави ТАСС.

Екипите за пасување со часови ја пребаруваа нерамната површина од густа шума низ дожд и магла пред да го пронајдат местото на несреќата. Немаше преживеани.

Хеликоптерот со претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ изрази сочувство за смртта на Раиси

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство до народот и владата на Иран во врска со смртта на претседателот на таа земја, Ебрахим Раиси.

dobivaj vesti na viber

„Изразувам сочувство до народот и владата на Исламската Република Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси, искрен и доследен пријател на Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на мрежата Х.

Хеликоптерот со Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.

Прикажи повеќе...

Свет

Хелокоптерот во кој загина иранскиот претседател не емитувал никаков сигнал

Објавено пред

Хеликоптерот што се урна додека ги превезуваше претседателот и министерот за надворешни работи на Иран немал вкучено сигнален систем или не поседувал, изјави турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.

dobivaj vesti na viber

Уралоглу им рече на новинарите дека провериле дали има сигнали од хеликоптерот откако слушнале дека се урнал.

„Но, за жал, мислиме дека најверојатно сигналниот систем бил исклучен или хеликоптерот го немал тој сигнален систем бидејќи ние сигурно ќе ги видиме тие сигнали, но немаше“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет19 минути

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската...

Топ4 часа

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија5 часа

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...

Економија5 часа

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија6 часа

Данела Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

За Денот на пожарникарите, 20 Мај, Бригадата за противпожарна бригада на Скопје доби уште едно ветување за поголема плата и...

Македонија6 часа

Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб-страницата

„Владата на Република Северна Македонија нема испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај, кој се...

Топ7 часа

Загина кумановец, возилото во кое се превезувал излетало од патот

Вчера околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на с.Агино Село, кумановско,...

Македонија7 часа

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до преспанскиот договор

Портпаролот на Европската комисија изјави за „Еурактив“ дека договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година мора...

Македонија8 часа

Одземени дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа...

Свет9 часа

Путин му изрази сочувство на Иран: „Раиси ѝ беше вистински пријател на Русија“

Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, опишувајќи го Раиси како вистински пријател на...

Свет9 часа

(Видео) Новинар известува покрај остатоците од хеликоптерот во кој загина претседателот на Иран, багажот на патниците е расфрлан наоколу

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа, која се урна во неделата на северозападот на земјата, а спасувачките...

Свет10 часа

Реакции на светските лидери за смртта на иранскиот претседател

Лидерите ширум Блискиот Исток и пошироко го изразуваат своето сочувство откако иранскиот претседател Ебрахим Раиси и уште осум лица загинаа...

Свет11 часа

Новиот претседател на Тајван ѝ порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те денеска побара од Кина да ги прекине своите воени и политички закани, велејќи во својот...

Свет12 часа

(Видео) Повеќе торнада ја погодија Оклахома, објавени се снимки

Вчера вечерта се формираа повеќе торнада низ американската сојузна држава Оклахома, вклучително и едно што помина низ Оклахома Сити. Засега...

Свет12 часа

Раиси летал со хеликоптер од американско производство, објави иранска новинска агенција

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека Раиси летал со хеликоптер Bell 212 од американско производство. Според воениот аналитичар на...

Свет12 часа

(Видео) Нема преживеани во хеликоптерската несреќа со иранскиот претседател, објавија иранските агенции

Иранските агенции јавуваат дека местото на падот на хеликоптерот е пронајдено и дека нема преживеани, пренесува Си-Ен-Ен. „Нема знаци на...

Свет12 часа

(Видео) Објавена снимка од местото на падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател

Се претпоставува дека иранскиот претседател и министерот за надворешни работи се мртви откако иранските државни медиуми објавија дека не се...

Македонија23 часа

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапкa, односно како што појаснуваат од ОЈО Скопје за Макфакс, преземени се сите...

Свет1 ден

Сè уште се трага по хеликоптерот со кој леташе иранскиот претседател Раиси, објави ИРНА

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот...

Регион1 ден

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер...