Црна хроника
Приведени крадци во Битола, одземеното вратено на сопствениците
Вчера, полициски службеници од СВР Битола, поради сомнение за извршено кривично дело дрска кражба, го лишиле од слобода Б. В. (24) од Битола. Имено, Б. В. се сомничи дека одзел ранец во кој имало лични документи и пари.
Исто така, полициски службеници од СВР Битола, поради сомнение за извршено кривично дело тешка кражба, го лишиле од слобода Ѓ. М. (35) од Битола. Тој се сомничи дека од магацински простор на здравствена установа во Битола одзел повеќе средства за хигиена.
Со двајцата биле извршени службени разговори, при што ги признале делата, а одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. По документирање на настаните, против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицијата во патничко возило со скопски регистарски ознаки пронашла 11 мигранти
На влезот во гевгелиското село Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки вчера пронашле 11 лица мигранти.
МВР денеска осопшти дека вчера во 03.50 часот полицијата во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки пронашла 11 лица мигранти, од кои пет лица од Сирија и шест лица од Република Турција.
– Откако ги забележал полициските службеници, возачот на возилото го напуштил местото. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се појаснува во соопштението од МВР.
Црна хроника
ДУИ го осуди нападот врз претседателот на ФФМ
ДУИ го осуди вчерашниот напад врз претседателот на Фудбалската федерација Муамед Сејдини и изрази загриженост дека ова треба да биде силен аларм дека меѓуетничките тензии во земјата се зголемени.
„Овој инцидент се случува во време кога Владата се однесува како „бик во продавница за порцелан“, игнорирајќи ја и маргинализирајќи ја улогата на Албанците во јавниот и институционалниот живот и потценувајќи ја важноста на меѓуетничките односи. Ваквите постапки, кои доаѓаат во недела со серија други инциденти со етничка заднина, само дополнително ја влошуваат ситуацијата и создаваат опасна атмосфера за меѓуетничкиот соживот“, пишува во соопштението на Демократската унија за интеграција.
ДУИ тврди дека претседателот на ФФМ бил нападнат само поради неговата етничка припадност.
„Овој напад се случува и во контекст на голем неуспех во процесот на европска интеграција, што предизвика длабоко разочарување и ги затемни перспективите и надежите на нашите граѓани. Навредливите изјави на министерката за образование, која ги навреди вработените Албанци, нарекувајќи ги „неписмен народ”, дополнително ги зголемуваат тензиите и поделбите во општеството“, се вели во соопштението на партијата.
ДУИ ги повикува органите да реагираат брзо и професионално за да го расчистат овој случај, а Владата сериозно да размисли за важноста на зачувувањето на меѓуетничките односи и да ги почитува принципите на правично и еднакво застапување на сите граѓани.
Црна хроника
Тешко повреден 72-годишен возач на електричен тротинет
Вчера околу 19.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „пежо“, управуван од Д.М.(18) и електричен тротинет управуван од Џ.И.(72), двајцата од Куманово.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Општата болница во Куманово“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.