Свет
(Видео) Ослободена заложничка објасни зошто се смеела кога била киднапирана од Хамас

За време на бруталниот напад врз Израел на 7 октомври, терористите на Хамас убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапираа повеќе од 200. Меѓу киднапираните цивили беше и 85-годишната Јафа Адар.
Таа беше ослободена за време на размената на заложници за палестинските затвореници, а сега ја раскажа својата приказна за заробеништво во Газа. Снимката од разговорот со храбрата баба ја објави израелското Министерство за надворешни работи.
Hero: Yaffa Adar (85) was kidnapped by Hamas terrorists on October 7th.
The terrorists filmed the kidnapping and circulated videos of her online.
Yaffa who knew her children and grandchildren would see the videos smiled so they would not be afraid.
“I won’t let them break… pic.twitter.com/PNYv8jYSGx
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) December 15, 2023
За време на киднапирањето, членовите на Хамас се пофалија со видеото од злосторството на социјалните мрежи. На видеото се гледа Јафа Адар насмеана како седи меѓу членовите на Хамас во автомобилот со кој ја возеле до Газа.
„Не сакав да им го дадам задоволството да видат дека се плашам. Нема да дозволам да ме скршат. Сакам моите деца и внуци, кога ќе го видат видеото, да се гордеат со мене. Не пуштив ниту една солза“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Украина има потреба од сè поврзано со безбедносните гаранции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја има потреба од „сè“ кога новинар го праша какви безбедносни гаранции ѝ се потребни за да се постигне договор.
Тој рече дека Украина најпрво има потреба од силна армија, што вклучува оружје, луѓе, обука и разузнавачки информации, пренесува „Си-ен-ен“.
Додаде и дека сето тоа ќе зависи од „големите земји“, како што се САД и другите сојузници.
Зеленски денес престојува во Вашингтон кадешто се сретна со претседателот Доналд Трамп во Овалната соба. Одговарајќи на новинарски прашања, украинскиот претседател изрази подготвеност за трилатерална средба со Владимир Путин и Трамп. Тој повтори и дека нема да има избори во земјата додека трае војната.
Свет
Зеленски му предаде писмо до Трамп: „Не е за тебе, туку за твојата сопруга“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес му го предаде на американскиот претседател Доналд Трамп писмото од првата дама на Украина.
Зеленски моментално е во Вашингтон, каде што се сретна со Трамп во Белата куќа, а со него се и клучни лидери на европски земји.
Тој му кажа на Трамп дека писмото е наменето за првата дама на Америка, Меланија Трамп.
„Мојата сопруга, првата дама на Украина, ми даде писмо. Не е за тебе, туку за твојата сопруга“, рече тој, пренесе „Си-ен-ен“.
Минатата недела, Трамп достави писмо од Меланија Трамп до рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Алјаска.
„Во денешниот свет, некои деца се принудени да носат тивка насмевка, недопрена од темнината околу нив“, стоеше во писмото, потпишано од првата дама на САД до Путин.
Зеленски на денешната средба со Трамп, јавно и’ се заблагодари на Меланија.
Свет
По критиките на претходната средба со Трамп, Зеленски овојпат доби комплименти за облеката

Денешната средба помеѓу лидерите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, се одвиваше во многу попријатен тон од претходната, а двајцата лидери во повеќе наврати и се шегуваа.
Новинарот Брајан Глен, кој го критикуваше Зеленски во февруари затоа што не носел одело, сега му рече: „Изгледаш фантастично во тоа одело. Се извинувам за нападот во февруари“.
На тоа, Доналд Трамп додаде: „И јас му го кажав тоа“, истакнувајќи дека Глен го „нападнал“ Зеленски минатиот пат.
Зеленски се насмеа и одговори: „Се сеќавам на тоа“, а потоа се пошегува дека Глен носел исто одело како и тогаш: „Јас се пресоблеков, ти не“.
Темата во што денес ќе се појави облечен Зеленски деновиве беше во фокус во Вашинтон.