Македонија
Левицата: Директорката што носеше ученици во Бугарија не е разрешена – поднесовме претставка
„Откако се констатирани редица неправилности и повреди на законските одредби во работата на техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, МОН му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот Коњановски. Претходно беа разрешени членовите на училишниот одбор, но не и ВД директорката Жанета Сорвини која веќе втора година го изигрува Законот за средно образование, директорувајќи со училиштето без да ги има соодветните квалификации. Потсетуваме дека Сервини беше дел од скандалот кога ученици од ова училиште, беа објавени од бугарска фондација како “истомисленици на Михајлов”, велат од Левица.
„Од моментот на разрешување на членовите од страна на Советот на општина Битола и именувањето нови (објавено во Службен гласник на 4.9.2023 година) директорката повеќе месеци соработувала со нелегитимен училишен одбор, бидејќи во истиот продолжиле да учествуваат разрешените членови, додека таа ги чувала решенијата за разрешување, односно именување нови членови во фиока!
Непочитување на Законот за средно образование беше причина општина Битола да ги изгуби надлежностите врз техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“, но тоа не ја спречи вршителката на должност Жанета Сорвини, со амин на градоначалникот Коњановски, да продолжи со самоволие. Деновиве, откако се одземени надлежностите од општина Битола, пуштен е оглас за директор на училиштето, иако истиот училиштето било должно да го распише уште пред една и пол година.
Решението за одземање на ингеренциите е постаро отколку решението на Коњановски, со кое тој дал согласност за отпочнување постапка за избор на директор- решение какво што требал да издаде пред повеќе од една година, а какво сега нема право да издаде. Кој е потписник на документите на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ периодов?!
ДПМНЕ место да ја прозиваат Левица Битола дека одработува за СДС, со цел на таков начин да го свртат вниманието од незаконитоста во работата на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, да излезат и да објаснат од каде им е дрската ноншалантност? Дали од фактот што се потпираат на добрите релации со ДУИ кои во моментот се на чело и на Државниот просветен инспекторат и на МОН?
Левица поднесе претставка до ДПИ за незаконско работење на Училишниот одбор при СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ – Битола и незаконски донесена одлука за распишување оглас за директор“, се наведува во соопштението на Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.
Македонија
Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.
Врнежи од снег на Попова Шапка со задржување на коловоз од с.Лисец-Попов Шапка.
Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри на патниот правец Штип – Неготино кај Серта, во Крушво до 50 метри, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 50 метри.
Сите патни правци во државата се проодни.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.

