Спорт
(Видео) Реистад ја расплака Данска – Норвешка ќе го брани светското злато против Франција

Женските ракометни репрезентации на Норвешка и Франција ќе се борат за златниот медал на Мундијалот чии домаќини се Шведска, Данска и Норвешка. Норвешка во драмтичен меч, по две продолженија со гол во последната секунда ја победи Данска со 29:28, во регуларниот дел мечот заврши 23:23, а по првото продолжение беше 25:25. Во второто полуфинале Франција лесно се справи со Шведска 37:28.
Фантастично полуфинале одиграа актуелните европски и светски шампионски Норвежанки и Данките.
Данска блескаше во првиот дел, отвори со 5:1, потоа беше 10:5 и 14:8. На полувреме Данска имаше предност од 14:10. Во вториот дел Норвежанките беа подобри, ја стигнаа предноста на Данска има и водство 23:22, но Јоргенсен со гол од седум метри, на четири секунди до крајот избори продлженија за Данска.
Во дополнителното време, Реистад погоди во последната секунда за конечен триумф на Норвешка.
Норвешка ја предводеше брилијантната Реистад со 15 голови, Офтедал постигна пет, Мерк три гола. Кај Данска Јоргенсен постигна седум гола, Хансен пет, Бургард и Хајндал по четири. Блескаше на голот Рајнхард со 15 одбрани.
Henny Reistad wins it in the last shot of Extra Time!
Henny is SUPERHUMAN!
Norway are in the final. Heartbreak for Denmark again. pic.twitter.com/NBZuoNVj78
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) December 15, 2023
Во второто полуфинале олимписките шампионски, репрезентативките на Франција ја прегазија Шведска 37:28. Од почетокот до крајот на теренот дминираа Французинките. Победникот го решија во првиот дел кга акумулираа предност од осум гола (19:11). Хорачек ја предводеше Франција со девет гола, Глосе имаше 12 одбрани.
Финалето на програмата е во недела од 19 часот, претходно ќе се одигра мечот за бронзениот медал од 16 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бруно промаши пенал, Јунајтед не успеа да победи кај Фулам

Фулам и Манчестер јунајтед одиграа 1:1, во последниот денешен напревар, одигран во рамките на второто коло во Премиер лигата.
Манчестер јунајтед продолжи онаму каде што застана минатата сезона. Ниту скапите засилувања не ја подбрија играта на „црвените ѓаволи“. Кај Фулам, Јунајтед имаше подобри панси но не успеа да му зададе удар на противникот.
Матеуш Куња во првиот дел ја погоди стативата, а во 38.минута капитенот Бруно Фернандеш не реализира пенал. Ужасно шутираше Португалецот, ударот заврши над голот.
Јунајтед успеаја да постигнат гол, во 58.минута по ударот на Јоро, топката го погоди Муниз го смени правецот и заврши во голот.
Фулам изедначи во 73.минута. Стрелец беше Смит-Роу кој нецели 120 секунди претходно влезе во игра.
Спорт
Го избркаа од Марсеј, тој потпиша за Болоња

Младиот англиски крилен играч Џонатан Роу се пресели од Олимпик Марсеј во Болоња.
Роу претходно беше ставен на трансфер листата во францускиот тим откако се степа во соблекувалната цо соиграчот Адриен Рабио, по поразот во Рен.
И двајцата беа суспендирани поради недисциплина, а Роу веќе си најде нов клуб. Овој поранешен играч на Норич одигра десет натпревари за младата репрезентација на Англија и постигна три гола.
Во Болоња ќе има биде замена за Дан Ндоје, кој замина во Нотингем Форест.
Спорт
(Видео) Грилиш како во најдобрите денови, го водеше Евертон до победа над Брајтон

Фудбалерите на Евертон имаа совршено деби на својот нов стадион. По неубедливиот настап и поразот против Лидс во првото коло, играчите на Евертон значително го подобрија впечатокот со победата над Брајтон (2:0)..
Од самиот почеток на натпреварот, Дејвид Мојс на теренот го испрати најзвучното засилување во летниот преоден рок, Џек Грилиш.
Поранешниот играч на Манчестер сити, забележа две аситенции. Во 23-та минута, брилијантно проигра покрај Ендиае, кој со прецизен удар му донесе водство на Евертон.
Уште една магија на Џек Грилиш во 52-та минута, кога му намести гол на Џек Гарнер.
Брајтон можеше да внесе драма во финишот на натпреварот, но Дени Велбек промаши пенал, поточно, голманот Џордан Пикфорд го одбрани ударот од белата точка.
Во следното коло, Евертон ќе гостува кај Вулверхемптон, додека Брајтон има тешка задача пред себе, бидејќи се соочува со Манчестер сити.