Спорт
Пеп ќе мора да го ослободи играчот што го обожува и што вреди 50 милиони евра
Калвин Филипс (28) речиси сигурно во јануари ќе го напушти Манчестер Сити. Англискиот играч за врска не е задоволен од минутажата на Пеп Гвардиола и сака да оди на ЕП. Поради ова ќе бара нов клуб за да има поголема минутажа. Сите ја знаат ситуацијата во која се наоѓа и ќе видиме што ќе се случи. Ќе разговараме во јануари, но не е лесно“, изјави Гвардиола, кој е голем фан на Филипс. Во неколку наврати помалку минути му се извинуваше, но сега веќе нема враќање.
Пеп се надеваше дека Филипс може да остане до крајот на сезоната, но Фабрицио Романо тврди дека заминувањето на англискиот репрезентативец е 100 отсто сигурно. Сезонава Филипс има девет настапи во сите натпреварувања, а одигра 306 минути. Тој постигна еден гол, против Црвена звезда во Лигата на шампионите.
Да потсетиме, Манчестер Сити летото 2022 година го доведе Калвин Филипс, играчот од средниот ред кој пристигна од Лидс за, неофицијално, 50 милиони евра. Никогаш не се вклопи целосно во тимот на тренерот Пеп Гвардиола. Покрај тоа, имаше проблеми со повредите, па вкупно забележа само 30 настапи. Неговиот договор е до 2028 година, но веќе се поврзува со Јувентус и Баерн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нова престижна награда за „златното момче“ на Барселона
Асот на Барселона и ѕвезда на шпанската репрезентација Ламин Јамал е добитник на наградата за најдобар млад фудбалер во светот, „Златно момче“. Најдобриот млад играч во изборот „Тутоспорт“ секоја година го избира новинарско жири од 50 експерти од најзначајните европски весници.
Од можни 500 поени во гласањето, Ламин Јамал освоил 488, објави „Тутоспорт“.
Ламин Јамал доби уште една индивидуална награда, претходно беше прогласен за најдобра млад игра на Европското првенство, а потоа истата награда ја доби и на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“.
Петит пат откако се доделува наградата таа оди на Принејскиот полуостров. Претходни лауретаи беа Сеск Фабрегас (2006), Иско (2012), Педри (2021) и Гави (2022).
Спорт
(Видео) Хаос во Белград: „Делиите“ претепале навивачи на Штутгарт
Српското министерство за внатреѓни работи се огласи по тепачката која се случи во Белград помеѓу навивачите на Црвена звезда и Штутгарт.
Тепачка се случи попладнево во близина на Зелени венац, кога навивачи на Звезда претепале дел од навивачите на германскиот тим.
Полицијата многу брзо пристигнала на местото на настанот, а повеќето од навивачите дотогаш веќе биле заминати. Но, 15 од нив се приведени во полициска станица.
Најголем дел од приведените се од Германија, а донесени се вкупно 10, а потоа е уапсен и државјанин на Србија, навивач на Црвена звезда, кој се сомничи дека учествувал во тепачката.
Дополнително, кај уште двајца навивачи од Германија биле пронајдени факел и фантомка, а приведени се еден државјанин на Босна и Херцеговина, како и еден државјанин на Швајцарија.
Novi snimak tuče Delija i navijača Štutgarta pic.twitter.com/A0am2soKGT
— FantomBeograda (@FantomBeograda) November 27, 2024
Zeleni venac, 13:10 prebijanje jednog čoveka, gomila momaka sa crnim kovid maskama, koškanja, jurnjava… čuje se i turski i nemački. Ništa mi nije jasno, kao i drugi građani umrtvljeno posmatram i grickam semenke od bundeve pic.twitter.com/W8mR76In1p
— [email protected] (@gajiczeljkoyah1) November 27, 2024
Спорт
Фаворитите сигурни во 16.коло во домашниот шампионат
Комплетирано е 16.коло во Првата македонска фудбалска лига, по кое е јасно дека пет клуба ќе се борат за шампионската титула, а остатокот од лигата ќе води ботка за опстанок.
Тимовите од врвот запишаа рутински победи на своите конкуренти. Шкендија, Работнички и Гостивар славеа со идентични 2:0 против Шкупи, Тиквеш односно Вардар. Силекс убедливо со 4:1 го победи тимот на Воска спорт, а Струга минимално со 1:0 го победи Пелистер.
Табела: