Свет
Се врати дома по шест години: исчезнатиот Алекс кој беше пронајден во Франција слета во Британија
Британскиот тинејџер Алекс Бити (17), кој беше пронајден во Франција откако исчезна пред шест години, синоќа се врати во Велика Британија, соопшти полицијата на Манчестер.
Алекс Бети, исчезна во 2017 година кога имаше 11 години, додека беше на одмор во Малага, на југот на Шпанија со мајка му и дедо му, напуштајќи ја духовната заедница на Пиринеите каде што живееше, објави „Ројтерс“. .
Момчето било пронајдено како лута по француските ридови на дожд, а наводно носел само скејтборд и 100 евра.
„Делуваше мирно и на прв поглед нормално. По години вака живеење, сигурен сум дека има психолошки последици, но изгледа како нормален тинејџер“, изјави Антоан Лерој, помошник јавен обвинител во Тулуз, додавајќи дека Алекс изгледа е многу интелигентен.
Лерој рече дека тинејџерот водел номадски начин на живот шест години со неговата мајка и дедо, кои биле „опседнати со енергија и соларни панели“. Се верува дека дедото починал пред околу шест месеци.
Les images du retour d’Alex Batty chez sa grand-mère, dans la banlieue de Manchester pic.twitter.com/Xa21jEl98K
— BFMTV (@BFMTV) December 16, 2023
Тинејџерот и рекол на полицијата дека живеел во духовни заедници во Шпанија, Мароко и Франција откако бил мајката и дедеото го киднапирале од неговата баба која му била законски старател.
Лерој рече дека Алекс сфатил дека „ова мора да престане“ кога неговата мајка ги објавила плановите да го однесе во Финска.
– Само рече дека не сака да оди во Финска. Не знаеме повеќе за тоа – рече помошникот јавен обвинител.
Во полиција изјавил дека мајка му и баба му по мајка го воспитувале од двегодишна возраст, кога татко му заминал од дома. На осумгодишна возраст, неговата мајка двапати го носела во Мароко по неколку месеци, што предизвикало конфликт меѓу нив двете. Три години подоцна бил одведен во Шпанија и никогаш не се вратил дома.
Полицијата сега истражува каде се наоѓа мајката на Алекс.
Лерој вели дека можеби отишла во Финска, како што имала намера да замине и дека за неа нема налог за апсење од француската полиција.
Алекс ќе се врати во Британија со неговата баба Сузан Каруан, која е негов законски старател и изрази задоволство што повторно се гледа со нејзиниот внук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачкиот министер за одбрана: Украина пропушти историска шанса
Продолжувањето на вооружениот конфликт во Украина ќе предизвика уште поголема штета на Киев, изјави словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак во интервју за локалниот весник „Правда“.
„Колку подолго трае конфликтот, толку поголема штета ќе предизвика на Украина“, рече Калињак, оценувајќи дека Киев имал можност да постигне поповолен договор со Русија веднаш по почетокот на војната.
Според него, околностите значително се промениле во меѓувреме, а Европската Унија повеќе нема финансиски или човечки ресурси потребни за да продолжи со сеопфатна поддршка на Украина.
„Европа е уморна. Никој не сака да ги испраќа своите војници, а земјите-членки на ЕУ веќе се двоумат кога станува збор за понатамошно финансирање. Затоа се повеќе се зборува за користење на блокирани руски средства“, истакна словачкиот министер за одбрана.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека продолжувањето на конфликтот во Украина може да доведе до избувнување на трета светска војна.
Фото: депозитфотос
Свет
Зеленски предлага божиќно примирје; Русија го отфрла предлогот
Кремљ денес го отфрли предлогот на Киев за божиќно примирје, велејќи дека Русија нема намера да ги запре нападите за време на празниците, пренесуваат медиумите.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва „не сака примирје што би ѝ дало време на Украина да се прегрупира и да се подготви за продолжување на војната“. Тој додаде дека Русија сака „мир, а не краткорочни, неодржливи решенија“.
Зеленски предлага божиќно примирје
Предлогот за божиќно примирје прв го изнесе украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчера изјави дека Киев ја поддржува идејата барем привремено да ги запре руските напади, особено врз енергетската инфраструктура, за време на празничниот период.
Кремљ претходно денес изјави дека евентуалното примирје ќе зависи од тоа дали ќе се постигне поширок договор за прекин на војната. Песков, исто така, ги спомена изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за евентуален мировен договор.
„Прашањето е дали ќе постигнеме договор или не. Сакаме да ја запреме оваа војна, да ги постигнеме нашите цели, да ги обезбедиме нашите интереси и да гарантираме мир во Европа во иднина“, рече Песков.
Тој исто така рече дека Москва сè уште не видела никакви конкретни предлози за безбедносни гаранции за Украина, за кои, според американските и европските претставници, Вашингтон разговара со Киев. Украина, барем засега, тврди дека примирјето за Божиќ би било хуманитарно. Русија се чини решена дека нема да има.
Фото: депозитфотос
Свет
BBC одговори на тужбата на Трамп: Нема основа за тоа
Британската медиумска компанија BBC објави дека ќе се брани во судска постапка вредна пет милијарди долари што ја покрена американскиот претседател Доналд Трамп против неа. Трамп ги тужи поради спорното уредување на неговиот говор од 6 јануари 2021 година во документарецот „Панорама“, пишува BBC.
Во тужба поднесена во Флорида, Трамп ја обвинува BBC за клевета и кршење на законите за трговски практики. Неговиот правен тим тврди дека BBC го клеветила претседателот со „намерно, злонамерно и погрешно уредување на неговиот говор“.
Во својот говор на 6 јануари 2021 година, во пресрет на немирите во американскиот Капитол, Трамп рече на толпата: „Ќе одиме пеш до Капитол и ќе ги бодриме нашите храбри сенатори, конгресмени и конгресменки“. Повеќе од 50 минути подоцна во истиот говор, тој додаде: „И се бориме. Се бориме како луди“.
Сепак, емисијата „Панорама“ прикажа клип во кој Трамп вели: „Ќе одиме пеш до Капитол… и јас ќе бидам таму со вас. И се бориме. Се бориме како луди“. Би-Би-Си призна дека таквото уредување создало „лажен впечаток“ дека Трамп „директно повикува на насилни дејствија“, но во исто време го отфрли тврдењето дека постои основа за тужба за клевета.
Портпаролот на BBC кратко рече: „Како што јасно ставивме до знаење претходно, ќе се браниме во овој случај. Нема да коментираме понатаму за тековните судски постапки“.
фото/депозитфотос

