Спорт
(Видео) Арсенал лесно со Брајтон, Вила со пресврт го победи Брентфорд
Три натпревари во Премиер лигата, попладнево се одиграа во Лондон. Арсенал го победи Брајтон, Астон Вила славеше над Брентфорд, а Вест Хем ги освои бодовите против Вулверхемптон.
Арсенал лесно го победи Брајтон со 2:0. „Топџиите“ доминираа во текот на целиот натпревар, неверојатен е податокот дека во првиот дел Арсенал упати 16 удари кон голот на Брајтон (три одеа во рамките од голот), а Брајтон ниту еднаш не му се закани на Раја.
Победникот Арсенал го реши во второто полувреме со головите на Габриел Жесус и Каи Хаверц.
Астон Вила со пресврт победи кај Брентфорд, кој по првиот дел водеше со голот на Луис-Потер. Пресвртот Вила го направи по исклучувањето на Бен Мин. Головите за Вила ги постигнаа Морено и Оли Воткинс.
Вест Хем славеше со 3:0 над Вулверхемптон. Мечот го обележа Лукас Пакета кој беше асистент кај головите. Првите два ги постигна Кудус, а третиот Боувен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Поднесено обвинение против Бенфика за местење натпревари
Португалското правосудство официјално поднесе тужба против фудбалскиот клуб Бенфика од Лисабон за корупциски дела извршени во периодот од 2016 до 2019 година, за местење натпревари.
„Ќе се браниме од овие неосновани обвинувања. Бенфика и нејзините адвокати темелно ќе ги анализираат обвинувањата за кои беа информирани денеска“, се вели во соопштението на клубот.
Бенфика додаде дека сомнежите се однесуваат на „делата што му се припишуваат на нејзиниот поранешен претседател и поранешен советник“.
Главен обвинет во најавениот судски процес е Луис Филипе Виеира, кој раководеше со клубот 18 години, до неговото апсење во јули 2021 година, во друг случај поврзан со нарушување на довербата и измама.
Медиумите објавија дека обвинителството утврдило дека Бенфика и платила на Виторија де Сетубал да ја „пушти“ Бенфика да победи на два натпревари од португалската лига.
Спорт
Новинар на „Евроспорт“ му испратил навредливи пораки на полскиот селектор
Полска и Хрватска од 20:45 часот на Националниот стадион во Варшава ќе одиграат натпревар од четвртото коло од групата А1 во Лигата на нации.
Хрватите во овој меч влегуваат како втори во групата со шест бода, додека Полјаците се на три бода, што значи дека според сегашниот поредок треба да одат во плеј-офот за опстанок во елитната дивизија во Лигата на нации.
Полскиот новинар Пјотр Квјатковски кој работи за „Еуроспорт“ е незадоволен од резултатите на репрезентацијата.
„Пржеглад Спортови“, откри дека Квјатковски му испратил навредливи пораки на полскиот селектор Михал Пробијеж (52) во 4 часот и 20 минути, ноќта по поразот на Полска од Португалија.
Полските медиуми ги објавија пораките што Квјатковски ги испрати до селекторот.
„Ретко со години функционираат луѓе кои се целосно несоодветни за одредена област, а вие сте апсолутно неподобни за тренер. Апсолутно не сте способни да бидете тренер“.
„Вашите прес-конференции се трагедија“.
„Ти си олицетворение на полскиот фудбал. Не си доволно добар, што никој не ви го кажал, но вие мислите дека сте доволно добар“.
Квјатковски се извини за своето однесување во изјава за „Пржеглад Спортови“: „Ме обземаа емоции по уште еден лош натпревар. Му се извинувам на селекторот и му посакувам многу среќа против Хрватска“.
Во септември 2023 година, Пробијеж ја презеде репрезентацијата на Полска, со која во 14 натпревари оствари седум победи, три нерешени и четири порази.
Претходно во кариерата раководеше со голем број полски клубови и со полската репрезентација до 21 година. Со Краковија и Јагелонија го освои Купот на Полска во 2010 и 2020 година, а со истите клубови го освои националниот Суперкуп во 2011 и 2021 година.
Спорт
Гвардиола демантира дека ќе биде селектор на Англија
Дел од англиските медиуми објавија дека по завршувањето на актуелната сезона тренерот на фудбалерите на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ќе ја преземе англиската репрезентација.
„Дали ќе го напуштам Манчестер сити на крајот на сезоната? Се уште не сум се одлучил. Мојата иднина е отворена и немам точни одговори. Се е можно во фудбалот, но гледајќи од оваа перспектива можам да кажам дека нема да бидам следниот селектор на Англија“, рече 53-годишниот Гвардиола, со години еден од најдобрите светски стручњаци.
По завршувањето на Европското првенство, кое Англија го загуби од Шпанија, селекторската функција ја напушти Герет Саутгејт. На негово место дојде Ли Карсли, но само како вршител на должноста, до изборот на новиот селектор.
Англиската фудбалска асоцијација се обидува да најде долгорочно решение, планот е на клупата на националниот тим да седне реномирано тренерско има. Засега, според бројните извештаи моментално прв фаворит е Томас Тухел.
Актуелниот договор на Гвардиола со Манчестер сити истекува на крајот од оваа сезона, а според некои извори во текот на летото Англиската фудбалска асоцијација веќе му понудила работа на Шпанецот. Овие наводи не се потврдени.
Англија минатата сезона испадна од елитната Лига на нации и оваа сезона игра во Лига Б По четири кола е на второто место во својата група со девет бодови. Грција има три повеќе.
Гвардиола е тренер на Манчестер сити од 2016 година, а покрај доминацијата во англискиот фудбал, пред две сезони на клубот му ја донесе и премиерната титула во Лигата на шампионите. Претходно работеше во Барселона и Баерн.