Свет
(Видео) Автомобил удри во придружбата на Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден беше видно шокиран кога патничко возило удри во џипот на неговата придружба.
Инцидентот се случи во неделата околу 20 часот кога тој и првата дама излегуваа од предизборниот штаб во Делавер. Автомобилот удрил во црниот џип, кој ја блокирал раскрсницата.
Бајден во тој момент разговарал со новинарите, а кога го слушнал ударот, веднаш погледнал во правец на судирот и наводно рекол само „Леле“.
A car collided with part of Biden’s parked motorcade tonight in Wilmington — it just rammed into an SUV that had closed down a street while Biden attended a campaign event.
The circumstances weren’t clear; Biden and the First Lady loaded into their vehicle and left. pic.twitter.com/M3kvbNGfCl
— Josh Wingrove (@josh_wingrove) December 18, 2023
Автомобилот се обидел да продолжи да вози, но припадниците на специјалната служба веднаш реагирале и со оружје го опколиле возачот, кој удрил во џипот. На неименуваниот маж му било наредено да ги крене рацете, што и го направил. Потоа му наредиле да ја отвори вратата
Агентите на Тајната служба потоа го сместиле претседателот во неговото возило, каде што веќе седела Џил Бајден, и безбедно биле извлечени од локацијата.
Засега не е познато дали се работи за несреќен случај или обид за напад на претседателот на Америка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хелокоптерот во кој загина иранскиот претседател не емитувал никаков сигнал
Хеликоптерот што се урна додека ги превезуваше претседателот и министерот за надворешни работи на Иран немал вкучено сигнален систем или не поседувал, изјави турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
Уралоглу им рече на новинарите дека провериле дали има сигнали од хеликоптерот откако слушнале дека се урнал.
„Но, за жал, мислиме дека најверојатно сигналниот систем бил исклучен или хеликоптерот го немал тој сигнален систем бидејќи ние сигурно ќе ги видиме тие сигнали, но немаше“, рече тој.
Регион
18-годишник е уапсен бидејќи го запалил хрватското знаме и го споделил на социјалните мрежи
Осумнаесетгодишник е уапсен во Славонија бидејќи на 1 мај го запалил хрватското знаме во шумата кај Трпија.
Како што дознала полицијата, тој тоа го снимил и го објавил на социјалните мрежи.
„На овој начин тој јавно го подложи знамето на Република Хрватска на потсмев и грубо омаловажување и на јавноста и стави на располагање видео од тој чин преку компјутерска мрежа, во кое повикува на насилство или омраза насочена кон група луѓе поради нивната национална или етничка припадност“, наведува полицијата во кривичната пријава.
Пријавата го товари младиот човек за јавно поттикнување насилство и омраза и нарушување на угледот на Република Хрватска. За овие злосторства му се заканува затворска казна до три години.
Од полицијата потврдија дека со решение на Жупанискиот суд во Вуковар, на 18-годишникот му е одредена мерка притвор.
Свет
Зеленски му го честиташе третиот премиерски мандат на Пленковиќ и му се заблагодари за поддршката на Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му го честиташе третиот мандат на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и изрази благодарност за постојаната поддршка од Украина.
Зеленски на социјалната мрежа Икс напиша дека разговарал со Пленковиќ, кому му се заблагодарил и го потврдил доаѓањето на мировниот самит во Швајцарија.
„Разговаравме и за поддршката на Хрватска за почеток на пристапните преговори на Украина со Европската унија, како и за можноста Хрватска да се приклучи на декларацијата на Г7 од Вилнус за поддршка на Украина“, напиша Зеленски.