Македонија
Раскинување на договорот со „Синохидро“ за автопатот Кичево – Охрид или негово продолжување – ќе биде извесно неделава
По нешто повеќе од еден месец работа, до крајот на неделава министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, очекува да му биде доставен извештајот за ревизијата на автопатот Кичево – Охрид, од кој зависи дали државата ќе го раскине договорот со кинеската „Синохидро“. Кога ќе го добијат целосниот извештај, Бочварски вели дека целокупната ситуација ќе ја презентираат на седница на Владата и заеднички ќе донесат одлука.
„Јас очекувам во текот на оваа недела да биде доставен од страна на надзорниот орган и од страна на ФИДИК-експертите до ЈПДП и до Министерството по што ќе побараме тој извештај да биде разгледан на седница на Владата. Сите одлуки и идни чекори ќе ги носиме заеднички со Владата. Ќе ја презентираме целата моментна состојба, но овде оваа презентација и идните чекори, пред сѐ, треба да дојдат од експертите, кои ќе дадат насоки како да продолжиме со најдобрите решенија со цел овој автопат да биде завршен“, рече министерот Бочварски денес по уводот на градежните работи за браната на реката Отиња во Штип.
Министерот смета дека е рано да се размислува за раскинување на договорот и да се размислува за идните чекори пред извештајот и препораките од експертите да бидат детаљно разгледани.
Ревизијата на целокупниот проект од проектирање до изведба на патот Кичево – Охрид, кој се гради веќе десет години, почна на почетокот на минатиот месец. Можноста за раскинување на договорот со „Синохидро“, поради тоа што на 31 декември истекува рокот за завршување на проектот, ја најави премиерот Димитар Ковачевски. Тој рече дека е недозволиво еден автопат да се гради 10 години и сѐ уште да не е завршен, па не ја исклучи можноста за завршување на автопатот да се ангажира друга компанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

