Македонија
Јаревски: Карпош од најзелена општина во Скопје, сакаат да го претворат во бетонска џунгла за 600-милионски бизнис кај „Алумина“
СДС и ДУИ, со намера, од најзелена општина во Скопје, сакаат Карпош да го претворат во бетонска џунгла за 600-милионски бизнис кај „Алумина“, изјави пратеникот Тони Јаревски на прес-конференција.
Како што рече, ДУП-от што СДС и ДУИ го туркаат преку Стевчо Јакимовски не води сметка за граѓаните, туку за нивниот личен и за интересот на „Пуцко петрол“. За СДС и ДУИ, нема доволно висока цена што граѓаните ќе ја платат, вели Јаревски, а која би ги спречила во обидот за бетонизација, единствена цена што ги интересира е цената на квадратен метар.
„Колку повисоко и полуксузно, толку подобро за СДС и ДУИ, за нив нема никакво значење што Карпош се блокира инфраструктурно и се отежнува сообраќајот во Скопје, важен е само профитот. За 600 милиони евра бизнис, Стевчо Јакимовски им е впрегнат, па држи прес-конференции и во недела, на кои нема ниту еден аргумент за ДУП-от, туку само кажа колку е неуспешен. Дека ДУП-от кај ‘Алумина’ е единствено за бенефит на СДС, ДУИ и ‘Пуцко петрол’ како инвеститор, знае и Стевчо Јакимовски, но очигледно мотивацијата да го протурка му е многу голема, па решил да се вплеткува во небулози. Политичкиот пазар на СДС и ДУИ сите го знаат, прашање е која е добивката за Стевчо Јакимовски за овој проект и наместо градоначалник, да глуми портпарол на инвеститорот?“, рече Јаревски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

