Свет
(Видео) Објавена снимка од најголемиот тунел во Газа: командантот возел низ него со автомобил
Израелската војска објави снимка од Појасот Газа на која се гледа високиот командант на Хамас, Мухамед Синвар, како вози автомобил низ тунелот откриен вчера.
Според ИДФ, изградбата на главната тунелска мрежа откриена во близина на граничниот премин Ерез ја водел Мухамед Синвар.
The IDF reveals footage obtained from the Gaza Strip showing senior Hamas commander Muhammed Sinwar, the brother of Hamas leader Yahya Sinwar, in a car driving through the major tunnel revealed earlier today by the military. pic.twitter.com/PPr0jOSKSp
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) December 17, 2023
Тоа е најголемиот напад на Хамас досега откриен од израелската армија, пишува „Тајмс оф Израел“.
„Ова е најголемиот тунел што го откривме досега. Тоа беше главен проект. Проценуваме дека е длабок 50 метри и долг четири километри, а најдовме и складирани RPG (ракетни гранати) и ‘АК-47’ (пушки). Од таму водат помали тунели“, рече контраадмиралот Данијел Хагари, портпарол на ИДФ.
Според „Фајненшл тајмс“, тунелот најпрвин се спушта бавно и има доволно природна светлина за да се видат бетонски армирани ѕидови, плетка од електрични кабли и вентилациска цевка, која виси од ѕидот.
Веќе 30 метри понатаму воздухот станува топол бидејќи тунелот паѓа во темнина. Се спушта уште неколку метри пред да се приклучи на огромната подземна мрежа на тунели ископани од Хамас под Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Европа апсолутно ги поддржува дејствијата на Америка и Израел во Иран
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во разговор со новинарите изјави дека Европа „апсолутно ги поддржува дејствијата на САД во Иран“, нагласувајќи дека Иран е закана за Европа, за Израел и за другите земји во регионот.
На прашањето дали одлуката на британскиот премиер Кир Стармер да им дозволи на САД да ги користат британските бази за напади врз Иран дошла предоцна, Руте одговори дека пред официјалното одобрување од Велика Британија, морало да се решат „правните аспекти на прашањето“, пренесува Би-Би-Си.
Тој потврди дека пред интервенцијата на САД во Иран, имал бројни разговори со американски претставници и додаде дека официјален Вашингтон и НАТО воспоставиле „тесна координација“.
На прашањето од британската јавна служба дали силите на НАТО ќе бидат вклучени во операциите во Иран, Руте одговори негативно и додаде дека „очигледно ова е кампања предводена од Американците и Израелците“, пренесува Танјуг.
Свет
Иранскиот шеф за безбедност: Подготвени сме за долготрајна војна
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Ларијани, изјави дека Иран е подготвен за долготрајна војна и дека иранските вооружени сили не учествувале во напади освен во самоодбрана.
Во објава на платформата „Икс“, Ларијани порача дека Иран не го започнал овој конфликт и дека ќе се брани без оглед на цената.
Тој претходно порача дека Иран нема да преговара со САД. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека новото иранско раководство сака разговори и дека тој е подготвен за тоа.
Фото: Depositphotos
Свет
Кина го поддржа Иран во одбрана од нападите, повика на итен прекин на воените операции
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи изјави дека Пекинг го поддржува Техеран во одбрана на неговиот суверенитет и територијален интегритет во услови на американско-израелски напади, пренесе АФП.
Според кинеската државна телевизија ЦЦТВ, Ванг порача дека Кина го поддржува Иран во заштита на неговите „легитимни права и интереси“.
Во разговори со министрите за надворешни работи на Оман и Франција, Ванг ги повика САД и Израел веднаш да ги запрат воените операции и да се избегне понатамошна ескалација. Тој ги обвини Вашингтон и Тел Авив за „намерно поттикнување војна“ и оцени дека со тоа се прекршуваат принципите на Повелбата на ОН.
Кина, како што наведе, е подготвена да одигра конструктивна улога преку Советот за безбедност на ОН, а иранското нуклеарно прашање, според него, треба да се врати на патот на политичко и дипломатско решение.
Фото: Depositphotos

