Спорт
(Видео) Џон Тери има свој фаворит во ЛШ, го избра и најдобриот тим против кој играл
Foto/ EPA
Џон Тери, иконата на Челзи, долги години капитен и европски шампион со клубот во 2012 година, во Нион, ги извлече осминафиналните двојки во Лигата на шампионите.
Тери во интервју за медиумите одговараше на неколку новинарски прашања, а особено интересно прашање беше за најдобриот тим против кој играл.
„Никогаш нема да ги заборавам моите дуели против Барселона во полуфиналето во 2012 година кога ја освоивме Лигата на шампионите“, изјави Тери, потенцирајќи дека Барселона е најтешкиот тим против кој играл.
„Тоа беше Барселона во сезоната 2004/2005. Ги имаа Роналдињо и Меси. Тие се најопасните играчи против кои сум играл”.
Во тој двомеч, по две фантастични партии, Англичаните минаа понатаму. Барселона на домашен терен победи со 2:1, а во Лондон Челзи со 4:2.
Тери има свој фаворит, смета дека Реал ќе триумфира во финалето на 1 јуни во Лондон.
„Реал Мадрид ме импресионираше најмногу. Џуд Белингем е неверојатен, а Карло Анчелоти е одличен тренер и мислам дека можат далеку да стигнат. Работев со Анчелоти и тој е одличен тренер”, изјави Англичанецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алегри прифатил понуда од Саудиска Арабија
Масимилијано Алгери доби отказ во Јувентус по 48 часа откако го освои Купот на Италија. Алегри имаше свое шоу крај аут-линијата во финалето против Аталанта и токму неговото недолчно однесување ги натера клупските челници да му врачат отказ.
Јувентус разаочара сезонава и покрај тоа што избори место во Лигата на шампионите и го освои Купот.
Алегри во петокот доби отказ, а дел од италијанските медуми во понеделникот објавија дека тој веќе добил понуда за работа.
Понудата била испратена од Саудиска Арабија, не се наведува за кој клуб станува збор, но како што пишуваат медиумите Алегри решил да ја прифати само поради изворедните финансиски услови што му биле понудени.
Спорт
Златко Далиќ го објави списокот на Хрватска за ЕУРО 2024
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ го објави спискот со играчи кои ќе настапа на Европсото првенство во Германија.
Хрватска на континеталниот шампионат е во групата Б со селекциите на Шпанија, Италија и Албанија.
Првиот меч на ЕП, Хрватска ќе го одигра на 15 јуни од 18 часот против Шпанија, а натпреварот ќе се игра во Берлин на Олимпискиот стадион.
Во второто коло, на 19 јуни, Хрватска ќе игра против Албанија во Хамбург на „Фолкспарксштадион“.
Избраниците на Златко Далиќ групната фаза ќе ја завршат на 24 јуни на дуелот против Италија. Тој натпревар се игра од 21 часот во Лајпциг на „Ред Бул“ арена.
Во осминафиналето ќе се пласираат двете првопласирани репрезентации од секоја група, а ќе им се придружат четирите најдобри третопласирани репрезентации од шесте групи.
Европското првенство во Германија се игра од 14 јуни до 14 јули.
Спикото на Хрватска за ЕУРО 2024:
Голмани: Доминик Ливаковиќ (Фенербахче), Ивица Ивушиќ (Пафос), Недиљко Лабровиќ (Риека)
Одбрана: Јосип Јурановиќ (Унион Берлин), Јосип Станишиќ (Баер Леверкузен), Мартин Ерлиќ (Сасуоло), Јосип Шутало (Ајакс), Домагој Вида (АЕК), Марин Понграчиќ (Лече), Јошко Гвардиол (Манчестер Сити), Борна Соса (Ајакс)
Среден ред: Лука Модриќ (Реал Мадрид), Марсело Брозовиќ (Ал Наср), Матео Ковачиќ (Манчестер Сити), Ловро Мајер (Волфсбург), Марио Пашалиќ (Аталанта), Лука Иванушец (Феенорд), Мартин Батурина (Динамо), Лука Сучиќ ( Салцбург), Никола Влашиќ (Торино)
Напад: Анте Будимир (Осасуна), Андреј Крамариќ (Хофенхајм), Бруно Петковиќ (Динамо), Иван Перишиќ (Хајдук), Марко Пјаца (Риека), Марко Пашалиќ (Риека).
Спорт
Поп Ацев влезе во интернационалната Куќа на славните
Maкедонскиот маратонец, Евгениј Поп Ацев стна дел од Интернационалната „Куќа на славните“ во маратонско пливање
Поп Ацев е примен како почесен пливач во класата 2024 година.
„Голема чест и привилегија е да се биде во „Куќата на славните“ на маратонско пливање, меѓу најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го она што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија, придонесов и оставив белег во светот на маратонското пливање. Многу сум благодарен за номинацијата, за изборот и за големото признание од една ваква голема светска организација, како и на сите кои беа дел од мојата пливачка кариера и ме поддржуваа во минатите 20 години“, изјави Поп Ацев.
Низ кариерата Поп Ацев победувал на многу маратони ширум светот, а стана и трикратен светски шампион во 2015, 2017 и 2019 година.