Спорт
Манчестер јунајтед го подготвува најголемиот трансфер во историјата на клубот
Манчестер јунајтед минува низ криза на која не и се гледа крајот. Навивачите на Јунајтед најголем дел од вината за состојбата во која се наоѓа клубот гледаат сопствениците на клубот, семејството Глејзер. Наското, според најавите во клубот би требало да влезе Сер Џим Ретклиф, британски милијардер кој ќе купи 25 отсто од акциите на клубот.
Ретклиф по доаѓањето во клубот не планира да му врачи отказ на актуелниот тренер Ерик тен Хаг, но планира активно да се вклучи во спортскиот сектор.
„Дејли Мејл“, пишува дека тој комуницира со холандскиот тренер за да ги испланира следните два преодни рока. Во тие разговори, Тен Хаг наводно издвоил само еден играч како приоритет, крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Ник Вилијамс (21).
Нико е помладиот брат Вилијамс, а постариот Инаки исто така игра во Билбао. Минатата сезона Нико постигна девет гола со шест асистенции на 43 настапи во сите натпреварувања, а оваа сезона има четири гола и пет асистенции на 15 натпревари. Игра и за шпанската репрезентација за која забележа 11 настапи и постигна два гола.
Прашање е колку Вилијамс би го чинел Јунајтед, бидејќи минатиот месец тој потпиша нов договор со Атлетик Билбао.
Англиските и шпанските медиуми се согласуваат дека доколку Јунајтед се обиде да го реализира трансферот во зимскиот преоден рок, тогаш ќе мора да го урне клупскиот рекорд, кој го држи Пол Погба за кого Јунајтед плати 105 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Челзи и Јунајтед подготвиле екстра понуда за Миле Свилар
Миле Свилар, во овој момент сигурно е еден од најдобрите голмани во Европа. Голманот блеска во дресот на Рома, а минатата сезона беше прогласен за најдобар во Серија А.
Белгиецот со српски корени оваа сезона се истакнува со своите игри и си зема голема заслуга за фактот што Вучица ја води битката за Лигата на шампионите.
Како што пишува „Caught Offside“, Манчестер Јунајтед и Челзи би сакале да го видат Свилар во своите редови, по завршувањето на сезоната и нема да штедат за да го обезбедат неговиот потпис. .
Се вели дека се подготвени да издвојат 60.000.000 евра за Свилар, но малку е веројатно дека оваа операција ќе биде изводлива, бидејќи тој неодамна го продолжи договорот со Рома.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Прв триумф за Арбелоа на клупата на Реал
Фудбалерите на Реал го победија Леванте со 2:0 во натпреварот од 20-то коло на Ла Лига.
Натпреварот против гостите од Валенсија ќе биде запаметен како прв на Алваро Арбелоа како тренер на „кралскиот клуб“ во Примера, по шокантното деби во Купот на Кралот, кога Реал доживеа елиминација од Албасете.
И се чинеше дека е на пат кон уште еден неуспех…
Пред почетокот на натпреварот на „Бернабе“ се ширеа гласини дека пристапот ќе биде забранет за секој што скандира или на било каков начин протестира против тимот.
На загревањето пред почетокот, Килијан Мбапе се повреди за време на еден напад. На Французинот му беше укажана помош на лице место, но на крајот играше и започна, и покрај фактот дека се чинеше дека станува збор за посериозна повреда.
Напаѓачот на Реал го скрши отпорот на по речиси еден час игра, кога постигна гол од „белата точка“ во 58-та минута.
Само седум минути подоцна, беше многу полесно да се дише. По центаршутот на Арда Гулер од корнер, највисок во скокот беше Раул Асенсио, кој го постави конечниот резултат.
Со оваа победа, Реал се доближи на бод од Барселона, но Каталонците сè уште не го одиграле својот натпревар против Виљареал.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Јунајтед го нокаутира Сити во градското дерби
Манчестер Јунајтед, на дебито на новиот тренер Мајкл Керик, го победи Манчестер Сити со 2:0, во градското дерби.
Мајкл Керик тактички ја уништи стратегијата на Пеп Гвардиола. Јунајтед му ја препушти топката на Сити, а шансите ги бараше во транзицијата, која беше „убиствена“. „Граѓаните“ во текот на целиот натпревар имаа само еден удар во рамките на голот.
За разлика од Сити, играчите на Јунајтед го бомбардираа Донарума. Токму голманот на Сити е најзаслужен што Јунајтед победи само со 2:0.
Исто така мора да се потенцира дека ВАР им поништи три гола на ограчите на Манчестер Јунјатед.
„Црвените ѓаволи“ го скршија ривалот во второто полувреме, кога Донарума капитулираше по ударите на Мбумо во 65-та и Доргу во 76-та минта.
Foto/ EPA
Bryan Mbeumo converts his effort with this counter-attack.
🏴 Manchester United 1-0 Manchester Citypic.twitter.com/jYWAr6Ry2r
— Goals Xtra (@GoalsXtra) January 17, 2026
Patrick Dorgu scores a goal! Matheus Cunha feeds him.
🏴 Manchester United 2-0 Manchester Citypic.twitter.com/yD5fEwN2ku
— Goals Xtra (@GoalsXtra) January 17, 2026

