Македонија
(Видео) Мицкоски: Ценам дека е потребно учеството на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада
При денешната посета на општина Свети Николе, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали да учествува ВМРО-ДПМНЕ во техничка влада, истакна дека во рамките на партијата ќе се одржат состаноци за учество во техничката влада, а негов предлог ќе биде да номинираат личности што ќе имаат основна задача да го чуваат демократскиот процес бидејќи власта во периодот што следува ќе се обидува да создава проблеми и да им ја украде волјата на граѓаните.
„Па, да, периодов што следува ќе имаме состаноци во рамките на партијата, извршниот и централниот комитет, тоа е мојот став, ќе видиме како понатаму ќе се развива тоа, каков ќе биде ставот на ИК и ЦК, ценам дека е потребно учеството на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада откако претходно понудивме да се интервенира законски да се избрише овој имплант, кој, според нас, а и според многу уставни експерти, е спротивен на Уставот, но, ете, од страна на Владата тоа беше одбиено и тие рекоа дека еве од следните избори“, рече Мицкоски.
Мицкоски најави дека укинувањето на техничката влада ќе се направи по изборите.
„Во имe на тоа како ВМРО-ДПМНЕ ќе предложам законски измени во рамките на парламентот, да, еве, од 1.1.2025 или 2026 година овој имплант да биде избришан од законот и веќе следните парламентарни избори да се одржат без овој имплант техничка влада, но веќе кога е законска обврска, мојот предлог ќе биде да номинираме личности што ќе имаат основна задача да го чуваат демократскиот процес бидејќи власта во изминатиот период, но и во периодот што следува, ќе се обидува по три основи да создава проблеми. Првиот е немилосрдно да ги троши буџетските средства, на тој начин што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има тешкотии во работењето и да се соочи со неликвидност на државниот буџет и безмислосно ќе ги трошат буџетските средства. Второ, насилно ќе се однесуваат и ќе ја опструираат работата на ДИК. Јасно дефинираната опозиција, во условно кажано албанскиот блок, гледаме дека не може на пристоен начин да номинира член во рамките на ДИК. И морам да признам, ако продолжат вака да се однесуваат, сѐ уште се консултирам со соработниците, но мислам дека нема што ни ВМРО-ДПМНЕ да бара во работата на ДИК. Тогаш нека си спроведат избори ДУИ, Али Ахмети, Зечевиќ, Маричиќ, Ковачевски, Спасовски, па да видиме како ќе изгледаат. Затоа што од самиот почеток гледаме дека некој се обидува да имаме нелегитимен и нелегален изборен процес. Нека си спроведат избори Артан Груби, Османи, Али Ахмети, Зечевиќ, Маричиќ и другите, ние нема што да правиме. Трето, она што слушаме е дека СДСМ насекаде на оние состаноци со малкумина, сѐ уште се останати симпатизери и поддржувачи на политиките на Зечевиќ, Маричиќ и Ковачевски, главната порака е дека имаме многу пари, ќе потрошиме многу пари, ние сме свесни дека ќе загубиме, но на тој начин со поткуп и со девијантно однесување ќе ја намалиме победата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе им отежниме на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ да може понатаму да работат“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски порача дека се лажат ако мислат дека на тој начин ќе направат нешто и увери дека секој оној што ќе се дрзне да прави нерегуларности поткуп и ќе ги слуша насоките на Зечевиќ, Маричиќ, Ковачевски, Ахмети, Груби, Османи, ќе биде фатен и ќе биде процесиран пред истражните органи и пред судско-обвинителскиот систем, кој ќе биде ослободен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.
Македонија
Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.
Врнежи од снег на Попова Шапка со задржување на коловоз од с.Лисец-Попов Шапка.
Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри на патниот правец Штип – Неготино кај Серта, во Крушво до 50 метри, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 50 метри.
Сите патни правци во државата се проодни.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.

