Македонија
Жена фантом ги расплака службениците откога првпат доби извод од Матичната книга на родените
Со солзи и неколкупати повторено благодарам, жена што досега била фантом, невидлива за државата, денес првпат зеде в раце извод од Матичната книга на родените. Нејзината реакција ги расплака и службениците во Управата за водење на матичните книгим кои кришум си ги бришеа солзите. Премиерот Димитар Ковачевски го врачи првиот извод на едно од лицата што досега не биле евидентирани и покрај тоа што се родиле и израснале во земјата.
„Денес, ставивме крај на еден горлив, тридецениски проблем што го имаат стотици граѓани што се родиле на територијата на нашата држава, но не беа впишани во матичната евиденција и немаа изводи на родени. Овие наши граѓани немаа документи за идентификација, не можеа да се лекуваат, ниту да се вработат, не можеа да склучат брак ниту, пак, да го регулираат статусот на своите деца, едноставно, ги немаше во системот на државата. Овие проблеми веќе се минато. Измените во законот го отворија патот за решавање на 526 човечки судбини, од кои досега на 409 лица им е извршен упис во Матичната книга на родените, а другите 117 лица ќе бидат впишани до крајот на годината“, рече премиерот Ковачевски и ги охрабри граѓанските здруженија што работат на оваа проблематика, доколку сѐ уште постојат неевидентирани лица, да ги поттикнат да ја почнат процедурaта за добивање извод од Матичната книга на родените.
Најзаслужни за евидентирање на досега невидливите лица за државата, покрај Министерството за правда и Управата за водење на матичните книги, премиерот смета дека се пратеничките Соња Мираковска, Љатифа Шиковска и Снежана Калеска-Ванчева оти ги подготвиле амандманите на Законот за матичната евиденција, со кои системски се реши проблемот на неевидентираните лица.
Министерот за правда, Кренар Лога, рече дека со овој чекор Македонија е на прво место во Европа и на второ во светот за решавање на проблемот со неевидентираните.
„Овие лица повеќе нема да бидат маргинализирани, дискриминирани, лишени од здравствена и социјална заштита, образование и пристап до правдата“, рече министерот Лога.
Законот за неевидентираните лица во Матичната книга на родените беше донесен во 2020 година, а измените на овој закон Собранието ги изгласа на 14 јуни годинава. Законот го гарантира правото на упис во Матичната книга на родените на секое дете родено на територијата на Република Северна Македонија веднаш, а најдоцна 45 дена од денот на раѓањето на детето, независно од државјанството и личниот статус на неговите родители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

