Контакт

Македонија

Превезени над 3 милиони патници на двата македонски аеродрома

Објавено пред

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска го посети генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, и му додели благодарница за особен придонес за развојот на авиосообраќајот и за успешна организација на министерскиот самит на ОБСЕ, кој месецов се одржа во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Над 3 милиони патници патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид – од 1 јануари заклучно со 16 декември 2023 година, објави „ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ аеродроми“.

Ова е важно достигнување за двата македонски аеродрома бидејќи го означува закрепнувањето на авиосообраќајот и на патничкиот сообраќај по пандемијата надминувајќи ги нивоата од 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата, и ова е првпат 3 милиони патници да бидат опслужени заедно на двата аеродрома во една година.

„Како ТАВ среќни сме што одбележуваме ваков успех не само за двата аеродрома туку и за македонската авијација. Достигнувањето 3 милиони патници пред крајот на 2023 е огромен успех, особено по пандемијата, која имаше огромно влијание општо врз авијацијата. Овој успех ја покажува и докажува нашата посветеност на обезбедување услуги со врвен квалитет за нашите патници и исто така е показател дека луѓето се подготвени да патуваат и дека сега тие повеќе од кога било имаат доверба за патувања со авион со оглед на ефикасноста и удобноста. Покрај тоа, ние како ‘ТАВ аеродроми’ сме повеќе од горди со статистиката на бројот на патници. Имено, статистиката покажува врв во 2019 година со речиси 2,7 милиона патници, потоа несреќен остар пад поради здравствената криза и ограничувањата за патување, а сега во 2023 година повторно се враќаме назад и успеавме дури и да ја надминеме 2019 година со 20 %. Ова достигнување дополнително ќе нѐ води и ќе нè инспирира да продолжиме да се стремиме кон нови рекорди. Ова е причината зошто ќе продолжиме да ги приспособуваме и подобруваме нашите услуги и да ги зголемуваме капацитетите на аеродромите за да бидеме подготвени да ги пречекаме нашите патници“, изјави Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

„Како и во сите земји во светот, ковид-пандемијата негативно влијаеше врз авиосообраќајот и во нашата земја. Но тие состојби ги надминавме и денеска можеме да бидеме горди заедно со ‘ТАВ Македонија’ бидејќи имаме нови рекорди на превезени патници. Три милиони патници е бројка што ветува континуиран развој на авиосообраќајот. Владата гледа на ТАВ како партнер во креирање нови политики и развој на авиосообраќајот во Северна Македонија. Верувам дека вака поставените политики ги оправдаа плановите на Министерството, а тоа се воспоставување нови дестинации за граѓаните, како и зголемување на бројот на туристи. Крајната цел е да имаме квалитетен и безбеден авиосообраќај“, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Најуспешната година за аеродромскиот оператор досега беше 2019, со 2,7 милиона патници, а 2022 беше завршена со 2,4 милиона патници. Сепак, 2023 ќе биде забележана како година со постојан над 30 % годишен пораст во споредба со 2022, особено со оглед на тоа што вкупната бројка на патници од 2022 година беше постигната со крајот на септември 2023.

За да се подобри квалитетот на аеродромските услуги и патничкото искуство да биде на највисоко ниво, ТАВ континуирано инвестира во аеродромската инфраструктура, како што беше и последната инвестиција од 2,4 милиона евра во надградба на системот за ракување со багажот со најновата технологија „Стандард 3“.

Поради успешната година во авиосообраќајот, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска го посети генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, и му додели благодарница за особен придонес на ТАВ кон развојот на македонскиот авиосообраќај и за успешното управување со специјалните летови за време на одржувањето на министерскиот самит на ОБСЕ овој месец.

„ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ аеродроми“, членка на Групацијата АДП, за периодот од 1 јануари до 16 декември 2023 година опслужи над 3 милиони патници (вкупно 3.007.993 патници), кои патувале преку двата аеродрома, Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид, што е зголемување од 32 % воспоредба со 2022 година и 17 % зголемување во однос на референтната 2019 година. Бројот на летови на двата аеродрома во истиот временски период е 22.932 лета.

Македонија

Очекуваме историска победа за Орце, ВМРО-ДПМНЕ со градоначалници во поголем број општини, СДСМ сака да си го оправда изборниот дебакл, порача Мисајловски

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, кажа вечерва потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски.

dobivaj vesti na viber

„Разликата е некаде три спрема еден а има општини каде што е десет спрема еден а во некои општини СДСМ е трета партија“, додаде тој.

Истакна дека се избрани градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, во Сопиште, Штип, Велес, Бутел Аеродром, Јегуновце, Вевчани и на многу други места.

„Гласовите се пребројуваат а резултатите укажуваат на водство. На прагот сме на убедлива победа во Струмица. Орце води убедливо за Скопје. Во однос на споменатите нерегуларности од страна на СДСМ, разликата е толку убедлива и огромна што нема простор за ваквото алиби на СДСМ со која сакаат да се оправдаат од изборниот дебакл. Изворот и причините за својот дебакл треба да си го бараат во сопствените редови“.

Што се однесува до ДУИ, Мисајловски додава дека оваа партија очигледно е декласирана.

„Али ќе има време да си го анализира својот пораз“.

Победата оценува тој е резултат на многу работа, посветеност и одобрување на политиките кои ги води неговата партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ прогласи победа во Гостивар во прв круг

Објавено пред

Уште во првиот круг е затворена големата победа во Гостивар, со една глабока разлика 6:1 наспроти кандидатот на „Вреди“, соопшти Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

Во Кичево и Струга, како што рече, нивните кандидати влегуваат во втор круг, со противкандидати од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ме информираат соработниците дека за првпат е напишана историја во Чашка“, додаде Адеми.

ДУИ претходно прогласи победа во Липково и Пласница.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Левица обвини за повеќе нерегуларности

Објавено пред

Политичкаата партија Левица на првата прес-конференција обвини за повеќе нарушувања на изборниот процес.

dobivaj vesti na viber

Беше соопштено дека изборниот молк не бил почитуван, штабовите биле отворени. Нивни набљудувачи не биле пуштани, и имало низа притисоци по СМС и во живо.

„Во изборната единица 3 во неколку општини, се направени анонимни повици кон наши активисти и кандидати на кои им не нудено одреден број гласачи од ромска етничка заедница да гласаат за одредена сума на пари. Претпоставуваме дека разговорите се снимени во обид да се компромитираат понатаму кандидатите“, беше истакнато. Случајот бил пријавен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Очекуваме историска победа за Орце, ВМРО-ДПМНЕ со градоначалници во поголем број општини, СДСМ сака да си го оправда изборниот дебакл, порача Мисајловски

ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, кажа вечерва потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски. „Разликата е некаде три спрема еден...

Македонија43 минути

Убедлива е победата во Чаир и Тетово, на ДУИ им ја честитам победата во Пласница, рече Меџити

На ДУИ и Ахмети кои се залагаа за легитимитет да им ја честитам победата во Пласница, рече во шега Изет...

Македонија44 минути

СДСМ објави водство во неколку општини меѓу кои Центар, но обвини и за повеќе нерегуларности

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција изјави дека изборниот ден поминал генерално мирно, но констатирале бројни прекршувања...

Македонија1 час

11 лица приведени, за Тошковски денешните избори се најмирните и најбезбедните во поновата историја на државата

Македонија уште еднаш покажа демократска зрелост и политичка култура. Денешните избори поминаа како едни од најмирните и најбезбедните во поновата...

Македонија1 час

Се испитува поткуп на гласачи во Крива Паланка, Велес Крушево, Охрид и фотографирани гласачки ливчиња во Гази Баба и Тетово

Како мирен го оцени изборниот ден Џелал Бајрами,  претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на постапувањето по...

Македонија1 час

„Вреди“ почна да слави победа за Чаир

„Вреди“ очекува убедлива победа уште во првиот круг на Изет Меџити во Чаир, над опонентот од ДУИ, Бујар Османи. Пред изборниот...

Македонија2 часа

46, 65 проценти е одзивот на гласачи до 18:30 часот, соопшти ДИК

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори во Македонија. „Последниот одзив е...

Македонија2 часа

(Видео) Муцунски: Очекуваме повеќе гласови и градоначалници од локалните избори во 2021 година

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изјави дека партијата е на праг на голема победа и очекува да освои повеќе гласови...

Македонија2 часа

„Вреди“: Фер и мирен процес, очекуваме добри резултати и победа во секоја општина

Процесот на гласање на Локалните избори се одвиваше мирно и уредно во сите општини. Според информациите од теренот процесот беше...

Македонија3 часа

Сиљановска – Давкова: Посакувам она што денеска го видов: една досадна граѓанска изборна слика, да се повтори и во вториот круг

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска гласаше на локалните избори. Во објава на социјалните мрежи таа напиша дека посакува она...

Македонија4 часа

До 17 часот гласале 39,61 отсто од гласачите

Од податоците добиени од 3.221 избирачки места, односно 92,72 отсто од вкупниот број, до 17 часот и 20 минути часот...

Македонија6 часа

На новинарка сакале да ѝ го земат телефонот, интервенирала и полицијата

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до Државната изборна комисија (ДИК), општинските изборни комисии, и Министерството за внатрешни работи...

Македонија9 часа

Погрешно испечатени ливчиња во Ново Село и наводи за поткуп во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе

Денешното гласање до сега поминува мирно без поголеми нарушувања на изборниот процес, соопшти Јавното обвинителство. „Од почетокот на гласањето утрово,...

Македонија11 часа

Регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк

За време на предизборниот молк, во текот на 18.10.2025 до 07:00 часот на 19.10.2025, односно до отворање на избирачките места,...

Македонија12 часа

(Видео) ДИК: На две избирачки места гласањето се одвива без користиње на уредот за биометриска идентификација

Во Куманово едно избирачко место, број 1133, каде се запишани 12 гласачи, поради објективни околности, односно немање струја во тоа...

Македонија12 часа

(Видео) Тошковски: На терен се над 90 отсто од силите со кои располага МВР

Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки...

Свет12 часа

Откриен новиот услов на Путин за завршување на војната

Рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела, побара целосна контрола врз Донецк, стратешки...

Македонија13 часа

ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем....

Европа13 часа

Прв поранешен претседател на земја од ЕУ зад решетки: Саркози ќе оди во затвор за два дена

Поранешниот француски претседател Никола Саркози треба да оди во затвор во вторник поради неговиот заговор за обезбедување либиско финансирање за...

Uncategorized14 часа

Бројот на дронови што упаѓаат во аеродромите низ Европа значително се зголеми

Голем број беспилотни летала го нарушија воздушниот простор низ Европа во последните недели, предизвикувајќи тревога поради повторените упади со дронови...