Контакт

Македонија

(Видео) Јакимовски: Мисајловски и Јанакиевски се творци на планот за „Алумина“, ова не е проект на Стевчо

Објавено пред

Ова не е проект на Стевчо, ова е проект на ВМРО-ДПМНЕ и на владата на ВМРО-ДПМНЕ. И продажбата и нарачките на урбанистичките планови и измените што се правени. Се тоа наидувало на поддршка од мене и сега овој проект наидува на поддршка, рече градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на брифингот со новинари за проектот кај „Алумина“.

dobivaj vesti na viber

Јакимовски на новинарите им ги објасни историјатот на продажбата на земјиштето на оваа локација и неколкуте измени на детаљниот урбанистички план, кои биле извршени на барање на инвеститорите и тогашните министри на ВМРО-ДПМНЕ, а биле поддржани од сите советнички групи и од градоначалникот Јакимовски.

„Овој проект мојата поддршка и од Општина Карпош ја има од 2009 година па наваму. Ова што сега се случува е чиста политика. Факт дека е чиста политика е тоа што претходните одобрувања ги давале министри од ВМРО-ДПМНЕ, а сега тие се најгласни противници. Тие знаат да кажат ‘ама тоа билa другa ВМРО-ДПМНЕ’. Господинот Мисајловски е актуелен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Македонија. Кога е продавана ‘Алумина’, надлежен министер во владата бил господинот Зоран Ставрески. Тој е сега советник на Христијан Мицкоски за локална самоуправа, што значи партијата си има кадровски континуитет, меѓутоа очигледно се обидуваат поинаку да размислуваат кога се на власт и кога се во опозиција“, нагласи Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош исто така објасни дека во сите претходни планови на оваа локација биле предвидени згради со височина од 105 метри.

„Продажбата на „Алумина“ е извршена во времето на Никола Груевски некаде во 2008 година. Купувач беше „Газит глобал“ од Израел. Колегата Андреј Петров пристапил кон измени на урбанистичкиот план и внатре се ставени параметри како што барале инвеститорот и Министерството за транспорт и врски. Тогаш министер беше господинот Миле Јанакиески. Тој урбанистички план се усвојува кога јас станувам градоначалник на 19 ноември 2009 година кога претседател на Советот на Општина Карпош е Трифун Трифуновски од СДСМ. Значи, овој урбанистички план сме го гласале ние, гласале и ВМРО-ДПМНЕ, одобрен е од министерот за транспорт и врски, како побарале за странскиот инвеститор, така сме направиле и немало никаков проблем ни со граѓани ни со кого било. И тогаш стоело во проектот згради со висина од 105 метри. Значи, 105 метри не е измислено ниту од мене ниту од изготвувачите на најновиот план.

Вториот план, на барање на инвеститорите од Министерството за транспорт и врски, кога сѐ уште е министер господинот Миле Јанакиески, побараа од нас да го смениме урбанистичкиот план во текот на 2012 година, односно 2013 година, бидејќи со новиот генерален план се добија некои нови параметри. И повторно во тој план имаме висина од 105 метри. Тогаш претседател на Советот е господинот Сашо Лазаревски од ВМРО-ДПМНЕ. И овој план го гласаме сите и апсолутно немаме никаков проблем ниту со советничка група ниту со граѓани. Во 2016 година доаѓаат сопствениците на земјиштето од Израел и на состанок кај министерот во кабинет побараа уште една промена (трет план). На инсистирање на министерот направивме и трет урбанистички план, кој е усвоен на 5 јануари 2016 година, а министер тогаш е господинот Владо Мисајловски-Кендо, актуелен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Повторно е потпишан и од господинот Сашо Лазаревски како претседател на Советот на Општина Карпош. И тогаш ние немавме никаков проблем.

Најновиот план што го имаме, повторно имаме 105 метри висина, каде што се предвидени да се градат две висококатници од 35 ката. Всушност, ова е предлог на господинот Стефан Богоев, јас вака го наследив овој проект.

Што е за нас овде важно? Јас, без разлика кој бил во составот на Општина Карпош, во континуитет го поддржувам проектот. Без разлика дали е на власт ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, без разлика дали сме на власт во општина Карпош со ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, проектот „Алумина“ секогаш добивал поддршка затоа што сметам дека е добар проект. Со најновиот проект со 1.000 нови паркинг-места го разрешуваме проблемот со паркирање на улицата Прашка, го разрешуваме проблемот со паркирање кај „Настел“, го разрешуваме проблемот со паркирање и од другата страна кај „Сити плаза“. Дополнителен квалитет ни дава проектот што сите сообраќајници ќе бидат под земја, а сѐ што е над земјата ќе биде зеленило, истакна Јакимовски пред новинарите.

Македонија

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Објавено пред

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари и е за 319 денари зголемена во однос на минималната кошница за минатиот месец кога изнесуваше 65.173.

dobivaj vesti na viber

ССМ денеска информираше дека со изнајмен стан од 60 метри квадратни за декември синдикалната минимална кошница изнесува 80 .867 денари.

Според пресметките на ССМ, во декември за храна и пијалаци се потребни 23.640 денари, за Образование 7.159 денари, за Станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.130 денари, Облека и обувки 5.875 денари, Транспорт 4.636 денари, Ресторани и хотели 4.131 денар, Комуникации 3.417,  Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.620 денари.

 

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески  на 17-ти месецов најави дека од 1 јануари освен што синдикатите ќе ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка и тие како Влада ќе прават пресметка за просечна потрошувачка кошничка, која ќе биде за најмалку четиричлено семејство. На оваа тема ќе се разговара на Економско –социјалниот совет, кој е закажан на 22 декември (понеделнк).

– Ќе бидат земени параметри од најголемите маркети во Македонија, ќе бидат земени параметри од страна на основните прехранбени производи, за се она што е потребно за еден просечен живот, за едно просечно македонско семејство. Исто така ќе бидат земени и од различни региони и најчесто овошјето и зеленчукот ќе биде земен она коешто е карактеристично за периодот, кога се пресметува во текот на годината, изјави Ристески.

Прикажи повеќе...

Македонија

Боки 13 ја вознемирувал Русковска, таа го пријави во полиција

Објавено пред

Поранешната обвинителка Вилма Русковска поднела пријава до полицијата против Бојан Јовановски – Боки 13 за телефонско вознемирување.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, инцидентот се случил вечерта на 18 декември 2025 година, кога Јовановски, додека бил во живо вклучување на „Јутуб“, повеќепати телефонски ја контактирал Русковска, и покрај нејзиното одбивање на повиците.

Од снимката што циркулира на социјалните мрежи може да се види дека разговорот бил проследен со навредливи и вознемирувачки изјави од страна на Јовановски. Русковска во еден момент го предупредила дека доколку продолжи со повиците, ќе го пријави во полиција, по што повиците сепак продолжиле.

Од Министерството за внатрешни работи за медиумите ја потврдија пријавата и информираа дека работат на расчистување на случајот.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.

Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.

Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.

„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.

Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.

Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија3 часа

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија3 часа

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија5 часа

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ23 часа

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија1 ден

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија1 ден

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија1 ден

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија1 ден

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија1 ден

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија1 ден

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија1 ден

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија1 ден

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија1 ден

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет1 ден

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет1 ден

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет1 ден

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет1 ден

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа1 ден

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет2 дена

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...