Македонија
Ковачевски: Со 32,5 милиона евра даваме поддршка за 66 проекти од локален интерес во 44 општини
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска, присуствуваше и се обрати на настан на кој беа потпишани договори со 44 општини за реализација на 66 конкретни проекти од локален интерес. За реализација на проектите е обезбедена финансиска поддршка од 32,5 милиониа евра од буџетите на 6 министерства и една агенција, односно од министерствата за здравство, образование и наука, труд и социјална политика, култура, транспорт и врски, животна средна и просторно планирање и Агенцијата за млади и спорт.
„Поддршката за развој на општините е континуирана и доказ за тоа е и денешниот настан, кој се одржува, верувам, првпат во историјата на државата, меѓутоа се надевам дека нема да биде и последен пат, на кој присутните министри и градоначалниците ќе потпишат договори за реализација на проекти од локален интерес наменети за најголем дел од општините во државата“, рече Ковачевски.
Им се заблагодари на сите пратеници во Собранието, кои учествуваа во амандманската расправа на прераспределбата на буџетот.
„Тука сакам да им се заблагодарам, пред сѐ, и на пратениците што го сочинуваат мнозинството бидејќи на крајот нивните гласови одлучуваат, а гласовите одлучија дека без разлика на тоа која општина од кој политичар или градоначалник од која било политичка партија е номиниран и кандидиран, добива финансиски средства за реализација на проектите што ги има и кои значат подобро живеење на граѓаните. И тоа е навистина нешто што е за поздравување и што уверен сум дека ќе одекне исклучително позитивно во јавноста.
Вкупно 2 милијарди денари или 32,5 милиона евра се обезбедени преку пренамена на финансиски средства од буџетите на 6 министерства и една агенција, односно од министерствата за здравство, образование и наука, труд и социјална политика, култура, транспорт и врски, животна средна и просторно планирање и Агенцијата за млади и спорт. Овие пари се наменети за вкупно 66 проекти за 44 општини“, посочи тој.
Се работи, како што рече, за проекти за реконструкција на улици и локални патишта, изградба и реконструкција на училишта и градинки, здравствени установи, спортски сали, домови за култура, пречистителни станици, мостови, спортски сали, пречистителни станици, мостови и други проекти во најголем дел од државата веќе имаат подготвено документација, со која може да се почне со работа. Со нивната реализација овозможуваме подобра инфраструктура, поквалитетни услуги, подобро образование и здравство, како и можности за повеќе спортски активности и поголема заштита на здравјето на граѓаните.
„Осум милиони денари (130.000 евра) од сметката на Министерството за здравство ќе се пренаменат на сметката на Општина Илинден за реконструкција на амбулантата во оваа општина, што е од исклучително значење за заштита на здравјето на граѓаните.
Некои од проектите се наменети за реконструкција и изградба на училишта и спортски сали во Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и Охрид. Парите за овие проекти во износ од 380 милиони денари (над 6,1 милиони евра) ќе се обезбедат од Министерството за образование и наука.
250 милиони денари (над 4 милиони евра) се обезбедуваат од Министерството за труд и социјална политика за проекти за подобрување, изградба и реконструкција на градинки во општините Ѓорче Петров, Аеродром, Бутел, Карпош и Кисела Вода. Ова се проекти што значат подобрување на условите за згрижување на децата од предучилишна возраст, во овие општини.
Министерството за транспорт и врски ќе пренамени над 1 милијарда денари (16,2 милиони евра) за проекти за изградби, реконструкции и асфалтирања улици и локални патишта и мостови во повеќе општини, односно во Битола, Богданци, Боговиње, Гостивар, Дебар, Делчево, Желино, Илинден, Јегуновце, Карпош, Кичево, Кривогаштани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Пехчево, Пробиштип, Сарај, Скопје, Старо Нагоричане, Теарце, Општина Центар, Чашка и во Крива Паланка“, истакна Ковачевски.
Над 183 милиони денари (3 милиони евра) од Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се пренаменат за проекти од областа за животната средина во Валандово, Прилеп, Берово, Чучер Сандево и во Пласница. Ова се проекти за заштита на животната средина, но и за здрави услови за живеење.
Во делот на културата, 30 милиони денари (487.000 евра) од Министерството за култура ќе се обезбедат за реализација на проектот за дом на културата во село Матејче, Липково.
Преку Агенцијата за млади и спорт ќе се пренаменат 114 милиони денари (над 1,8 милион евра) за изградба на спортски сали, терени, урбани опреми во општините Штип, Велес и Ѓорче Петров, проекти со кои им овозможуваме на младите и на граѓаните услови за спортување и рекреација.
Ковачевски најави дека поддршката за општините продолжува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Стража – Кичево
Од 06:50 ч., воведена e забрана за тешки товарни возила на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Стража – Кичево поради обилни врнежи од снег, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Слаб снег провејува на П.Шапка кој во мометов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Денеска врнежи од дожд и од снег на планините
Под влијание на циклонска активност, денеска ќе има врнежи од дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег, информира УХМР.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат над 15 l/m² воден талог. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми од 10 до 15 см.
Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во сабота наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.
Во Скопје, денеска ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа ќе биде стабилно со пониска утринска температура.
Македонија
По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во услови на, како што рече, „град на раб на финансиски колапс – празна каса, блокирани сметки, јавни претпријатија со неисплатени плати, систем без дисциплина и долг од речиси 300 милиони евра“.
„Тотален колапс! Институции што одамна престанале да работат во служба на граѓаните“, наведува градоначалникот, додавајќи дека добил доверба од граѓаните и дека „таа доверба нема да биде изневерена“.
Според него, за три месеци се намалени обврските за повеќе од 40 милиони евра преку кратење на непродуктивни трошоци и воведување финансиска дисциплина, а стабилизирана е и исплатата на платите во јавните претпријатија.
Ѓоргиевски информира дека биле отстранети над 600 фиктивно вработени кои со години земале плата без да доаѓаат на работа, како и дека е спроведена акција за чистење во која, како што наведува, учествувале над 2.500 луѓе, стотина возила и биле отстранети повеќе од 4.500 тони отпад за 72 часа.
„Скопје повторно почна да дише“, наведува тој.

Градоначалникот посочува дека се деблокирани клучни инфраструктурни проекти, меѓу кои клучката кај „Момин Поток“, булеварот „Македонија“ со подземната сообраќајница, улиците „Љубљанска“ и „Перо Наков“, како и реконструкцијата на „Фрањо Клуз“.
Почнува изградба на нови кружни текови, булевари и монтажни катни гаражи, како и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“.
Во делот на јавниот превоз, наведува дека со поддршка од Владата се работи на модернизација со нови еколошки автобуси и проекти за современ транспорт.
Ѓоргиевски информира и за уредување нови зелени површини, расчистување на Вардариште, изградба на Луна парк, како и за набавка на нов мебел, компјутери, интерактивни табли и прочистувачи на воздух за средните училишта. Посочува дека Скопје останува Европска престолнина на културата 2028.
Во обраќањето тој наведува дека буџетот за 2026 година е повисок и развоен, со рекордни капитални инвестиции во образование, култура, инфраструктура и животна средина.
„Наследивме долгови, но градиме стабилна иднина. Наследивме хаос, но воспоставуваме систем и ред. Наследивме разочараност, но ја враќаме надежта и достоинството“, наведува градоначалникот.
Ѓоргиевски упати благодарност до Советот на Град Скопје, до својот тим и до премиерот Христијан Мицкоски, наведувајќи дека „со дела, како никој во минатото покажа што значи вистинска грижа за граѓаните и вистинска поддршка за Скопје“.

