Македонија
Меџити: Пренамена на буџетски средства од Министерството за здравство за реконструкција на амбуланта во Илинден
Министерството за здравство информира дека министерот за здравство, Фатмир Меџити, и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, склучија договор за пренамена на средства од Министерството кон Општината за реконструкција на амбулантата во Илинден при ЈЗУ Здравствен дом Скопје.
Станува збор за инвестиција во вредност од 16 милиони денари, од кои 8 милиони денари се обезбедени од Министерството за здравство, а другите 8 милиони денари од Владата на Република Северна Македонија.
Меџити истакнува дека со подобрувањето на инфраструктурата на амбулантата во Илинден вработените ќе добијат помодерни и посовремени услови за работа, а пациентите подобар квалитет на здравствена заштита.
„Би сакал да истакнам дека во изминатиот период вложуваме и правиме позитивни промени во јавното здравство. Покрај инфраструктурното зајакнување, како никогаш досега вложуваме во набавка на нова медицинска опрема, едукација и мотивација на здравствениот персонал, како и во набавка на нови лекови. И во следниот период ќе продолжиме неуморно со истото темпо, со крајна цел задоволни здравствени работници и задоволни пациенти. На крајот, упатувам благодарност до Владата за одлуката за пренамена на буџетски средства на институциите што ќе бидат насочени за реализација на 66 проекти во најголем дел општини во целата држава“, рече Меџити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силен ветер ја зафати Битола: на неколку локации предизвикани штети
Силен ветер попладнево ја зафати Битола, според објавија надлежните во овој град.
Ветерот според информациите предизвикал штети на неколку локации.
„Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и екипите на јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, постојано се на терен, по силниот ветер кој денес ја зафати Битола и сеуште предизвикува штети на повеќе локации.
Екипите дејствуваат координирано на повеќе места, а ќе останат на терен се до расчистување на сите локации“, соопштија од општинската управа.
Македонија
Сиљановска Давкова ја прими Шекеринска: единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО.
За обете важната функција е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата.
Претседателката изрази уверување дека Шекеринска, ќе даде значаен придонес во остварувањето на клучните цели на Алијансата: унапредувањето на колективната безбедност, зајакнувањето на солидарноста меѓу сојузниците и справувањето со современите закани.
Со изборот на Радмила Шекеринска на високата функција во НАТО, Алијансата јасно и отворено ја манифестира свеста за важноста на регионот, како и посветеноста кон него.
Македонија
Мицкоски на средба со Вучиќ и Вучевиќ: Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека остварил средба со премиерот на Република Србија, Милош Вучевић и со српскиот претседател Александар Вуќиќ.
„Интензивната комуникација меѓу двете влади отвора можност за економска и политичка соработка.
Средбата се одржа во духот на традиционално добрите односи меѓу двете земји, со акцент на зајакнување на билатералната соработка и реализирање на заеднички регионални проекти.
Разговаравме за подобрување на соработката во енергетиката, економијата и транспортната инфраструктура, како и за заедничките напори за справување со регионалните предизвици“, објави Мицкоски по средбата со српскиот премиер.
Појасни дека имал средба со претседателот на Република Србија, Александар Вичиќ.
„Двете држави немаат отворени прашања, а односите се базираат на меѓусебно почитување и пријателство. Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи и да градиме иднина за нашите граѓани“, напиша Мицкоски за средбата.