Црна хроника
Во Тетово запленети над 2500 парчиња пиротехнички средства, приведени две лица
Полициски службеници на СВР Тетово околу 13 часот и 40 минути, на градскиот плоштад во Тетово, ја привеле 53-годишната Х.М. од тетовски Челопек кај која биле пронајдени и одземени 1686 парчиња пиротехнички средства, а десетина минути пред тоа, исто така, на плоштадот во Тетово, го привеле и 20-годишниот тетовец М.Б. со 885 парчиња пиротехника.
Во координација со јавен обвинител, по целосно расчистување и документирање на случајот, на двете лица ќе им бидат изготвени законски предвидените поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во продажен објект во Струга
Во Струга, вчера во 13:55 часот на улицата „Ѓорѓи Ѓоргон“, полициски службеници го лишија од слобода е Х.Ќ.(29) од Струга.
Тој се сомничи поради сомнение дека извршил тешка кражба во продажен објект во Струга.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, беа пронајдени и одземени повеќе разновидни производи кои се вратени на сопственикот и по целосно документирање на настанот против сторителот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
Подолго време и се заканувал на 38-годишна жена: уапсен охриѓанец
Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 14:40 часот на булеварот „Македонски просветители“ го лишија од слобода Г.А.(49) од Охрид.
Полицијата како што е соопштено постапила по претходна пријава дека тој подолг период агресивно се однесувал и упатувал закани на 38-годишна жена од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Почината жена пронајдена во стан во Струга
Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското село Зајас.
Лекар од Итната медицинска помош од Струга констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција, соопшти полицијата.

