Скопје
Прифатена програмата за еднакви можности предложена од Левицата во Карпош
Програмата за еднакви можности во општина Карпош за претстојната 2024 година под раководство на претседателката на комисијата и советничка од Левицата, Ивана Петковска, координаторката на комисијата, како и со поддршка на други советници од советнички групи, е креирана со фокус на жртвите на семејно насилство, велат од партијата Левица.
„Дури 75 % од сторителите на семејното насилство поминуваат неказниво, а поголемиот број жртви не ја добиваат потребната помош од институциите. Во таа насока програмата е насочена кон превенција и советување за спречување на семејното насилство и помош за жртвите преку бесплатни психолошки советувања и психотерапии.
Во рамките на програмата е предвидено отворање локална канцаларија за родителство, каде што родителите со помош на стручни соработници психолози и психотерапевти ќе може да учат вештини за успешно родителство во првата етапа, а во втората етапа е предвидено да се даде акцент повторно на семејното насилство во контекст на целиот семеен систем“, соопштуваат од Левицата.
„Унапредување на здравјето на жените и мажите е исто во фокусот на престојната програма во насока на превенција и навремено детектирање женски и машки болести, првенствено рак на дојката и на простатата.
Програмата содржи и други активности, како соработка со ИТ-секторот и спортски активности, што дополнително ја збогатува нејзината содржина.
Со 15 гласа ЗА програмата е прифатена и очекуваме да биде реализирана во престојната 2024 година“, се додава во соопштението на Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




