Македонија
(Видео) Колева: Со 32,5 милиона евра Владата предводена од СДСМ поддржува 66 проекти во 44 општини
„За СДСМ, приоритет број еден се граѓаните и Владата предводена од СДСМ на дело го покажува тоа. Со 32,5 милиона евра Владата предводена од СДСМ дава поддршка за 66 проекти во 44 општини. Без разлика на тоа од кои партии доаѓаат градоначалниците, поддршката се однесува за проекти и развој на сите општини“, рече Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.
„Пратениците на СДСМ и мнозинството веќе дадоа поддршка за амандманите за овие проекти. На овој начин сите 44 градоначалници од сите партии добиваат финансиски средства за реализација на проектите што ги има и кои значат подобро живеење на граѓаните.
Градоначалниците од речиси сите општини во државата вчера ги видовме во Владата како ги потпишуваат договорите за реализација на овие проекти од локален интерес.
Се работи за проекти за реконструкција на улици и локални патишта, изградба и реконструкција на училишта и на градинки, здравствени установи, спортски сали, домови за култура, пречистителни станици, мостови, спортски сали, пречистителни станици, мостови и други проекти.
Во најголем дел од државата проектите се подготвени со документација од минатата локална власт на СДСМ, со што веднаш може да се почне со работа. Некои од проектите се наменети за реконструкција и изградба на училишта и спортски сали во Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и во Охрид.
4 милиони евра се за проекти за изградба и реконструкција на градинки во општините Ѓорче Петров, Аеродром, Бутел, Карпош и Кисела Вода.
Ова се проекти што значат подобрување на условите за згрижување на децата од предучилишна возраст во овие општини.
16,2 милиони евра се за проекти за изградби, реконструкции и асфалтирања улици и локални патишта и мостови, во повеќе општини: Битола, Богданци, Боговиње, Гостивар, Дебар, Делчево, Желино, Илинден, Јегуновце, Карпош, Кичево, Кривогаштани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Пехчево, Пробиштип, Сарај, Скопје, Старо Нагоричане, Теарце, Општина Центар, Чашка и Крива Паланка.
3 милиони евра се за проекти од областа за животната средина во Валандово, Прилеп, Берово, Чучер Сандево и во Пласница.
Над 1,8 милион евра за изградба на спортски сали, терени, урбани опреми во општините Штип, Велес и Ѓорче Петров.
Ова е континуитет на политиките на СДСМ. Преку програмата ТАВ обезбедивме реализација на вкупно 94 инфраструктурни проекти во целата држава со вкупна вредност од 50 милиони евра.
Преку буџетските програми за рамномерен регионален развој во 2023 година финансиравме 135 проекти во општините и во планските региони во вредност од над 14 милиони евра. Тоа е пример дека за нас граѓаните се на прво место. Тоа е повеќе за сите“, изјави Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.
Македонија
Нека е со среќа, нека е аирлија, порача Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“
Во Тетово денеска беше пуштена во употреба реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ .
На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој изрази задоволство што за само неколку месеци со, како што рече, силна и посветена работа, е завршена реконструкцијата на гимназијата.

– Тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците од Општина Тетово коишто го поддржаа овој проект, да се заблагодарам на Министерството за образование, на сите оние коишто се добронамерници за Тетово и тетовци и што изминатиов период се дел, би рекол, од многуте проекти коишто се реализираат во Општина Тетово, изјави Мицкоски.
На учениците и на наставниците од училиштето тој им посака успеси во работата односно во учењето и, рече, „уште многу успешни тетовчани да произлезат од клупите на ова училиште“.

– Нека е со среќа, нека е аирлија и да ни се множат уште многу вакви успешни проекти, додаде премиерот.
Македонија
Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс
Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ посветено на 63 жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Предлогот беше усвоен со 19 гласа „за“ и плод на иницијатива на Здружението „16 март 2025 Кочани“.
Според усвоениот план, спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ ќе биде изградено во Стариот парк, во централното градско подрачје, на локацијата меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.
Со оваа одлука на Советот на Општината, градоначалникот Влатко Грозданов се овластува по брза постапка да формира работно тело, со цел проектот да биде завршен до 16 март годината кога ќе се наврши една година од трагедијата во дикостеката „Пулс“ во Кочани.

