Контакт

Македонија

Николоски: Поради криминалот на власта, никој не ја притиска Бугарија да не се изживува со Македонија на патот кон ЕУ

Објавено пред

Два дела сакам да споменам, прво, во однос на планот за раст, апсолутно мислам дека е добар механизам што ЕУ го предлага за сите земји од Западен Балкан затоа што основните две причини зошто луѓето сакаат од регионот да се зачленат или да се приближат до ЕУ се владеењето на правото и економскиот раст, односно подобриот животен стандард, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„И тука мислам дека треба да сме паметни како држава и како општество да ги искористиме овие средства со цел да поттикнеме раст во рамките на државата, мислам дека ова ниво на раст во државата нѐ држи далеку од она што би се нарекло европски стандард, мора да работиме поинтензивно на подобрување на инфраструктурата, и патната и железничката, мора да работиме поинтензивно на подобрување на комуникациите на дигитализација, но исто така и на давање шанса на приватниот сектор, ние сме мала држава, извозот мора да е основа на развојот на приватниот сектор, без разлика дали се работи на производство или за интелектуални услуги, мора да работиме на поттикнување на извозот доколку сакаме да имаме цврсто и стабилно стопанство во Македонија. Сега сето ова е поврзано со владеењето на правото и за тоа, нели, има исто така патоказ за реформи, туку мислам дека Македонија нема со што да се пофали, за жал, во државата со години корупцијата цвета, економијата тоне, тоа е константа што можеме да ја видиме и јас останувам на она што го зборувам со години, а го зборувам и во овој период дека основна причина зошто Македонија не почнува преговори за членство со ЕУ е високото ниво на криминал и корупција“, вели Николоски и додава:

„Односно, државата има слабо досие, има досие со кое не може да се пофали пред голем број земји членки на ЕУ, тие не вршат притисок врз Бугарија и таа буквално се изживува врз Македонија наметнувајќи бескрајни услови, кои гледаме дека од ден на ден се зголемуваат во зависност од тоа какви политички потреби има во Бугарија. Но, тоа го прават така затоа што никој не им врши притисок да не го прават обратното, а гледаме дека доколку се направи политички притисок, тоа го видовме и на последниот состанок на Европскиот совет, апсолутно може да се променат овие работи и, како што често велам, ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, ние имаме проблем со најслабата или втората најслаба земја членка на ЕУ, многу повеќе ЕУ ѝ треба на Бугарија отколку што Бугарија ѝ треба на ЕУ и има соодветни механизми со кои и самата ЕУ, но и земјите членки може да направат притисок врз Бугарија доколку се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговорите, но, за жал, неколку големи земји членки не се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговорите, пред сѐ, и поради високото ниво на криминал и корупција и немањето функционален систем на владеење на правото“, додава тој.

Николоски не гледа капацитет во оваа Влада на заминување и, како што вели, ќе треба многу сериозно да се работи на оваа задача по парламентарните избори.

„Убеден сум дека Македонија има и добро поставени институции и добро законодавство, ниту мислам дека ни требаат нови закони ниту мислам дека ни требаат нови институции, треба професионалците во институциите да се остават да работат. 10-15 проценти во институциите се супер корумпирани, другите се чесни луѓе, кои сакаат да си ја работат работата и доколку им се даде шанса да си ја работат својата работа, јас сум убеден дека првите резултати ќе се видат за само шест-девет месеци. Ова е нешто со што некои од моите политички опоненти знаат и да се потсмеваат, но јас сум убеден дека за 6-9 месеци работите може да се средат или да почнат да се средуваат во Македонија во делот на борбата со организираниот криминал и корупцијата и воспоставувањето функционален систем на владеење на правото“, заврши Николоски.

Македонија

Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:

dobivaj vesti na viber

· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;

· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;

· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;

· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег

Објавено пред

Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Времето во наредните денови

Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 минути

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа28 минути

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа33 минути

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија2 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија14 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија16 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија18 часа

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија19 часа

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија22 часа

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура23 часа

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет23 часа

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет1 ден

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија2 дена

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија2 дена

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија2 дена

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет2 дена

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет2 дена

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија2 дена

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...