Македонија
Маричиќ: Подготвени сме за следната фаза од преговорите за која неопходно е завршувањето на обврските
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска се обрати на заедничката седницата на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања при Собранието на Република Северна Македонија, на која се разговараше за успешниот состанокот на Европскиот совет, од кој, како што се очекуваше, стигнаа охрабрувачки пораки за проширувањето на Европската Унија од земјите членки дека европската перспектива на земјите од Западен Балкан е извесна и остварлива.
Заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања го претставува вистинското место за разговор, на која можеме да ја нагласиме успешноста на севкупниот скрининг-процес, која исто така беше нотирано и од Европската комисија во годинешниот извештај за напредок на нашата држава, а и недвосмислено ни беше кажано и минатата недела, на 7 декември во Брисел, кога го затворивме последното Поглавје 31 од скрининг-процесот.
Подготвени сме за следната фаза од преговорите за која неопходно е завршувањето на обврските од преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, која ја усвоивме на 19 јули 2022 година. „Уставните измени се влог за нашата иднина, без да изгубиме ништо. Напротив, ја прави европската перспектива на земјата реална и остварлива.
Маричиќ се осврна на фактот дека на 13 ноември 2023 година пристигна официјалното писмо од страна на шпанскиот претседавач со КОРЕПЕР во име на претседателство со Советот на ЕУ за условите под кои Северна Македонија може да ги отвори преговорите за Кластерот 1 – Фундаментални вредности.

Во писмото се наведува дека по завршениот скрининг за Кластерот 1, Европската Унија смета дека може да се предвиди отворање на овој кластер откако ќе се заврши фазата на пристапните поговори, во која ќе бидат подготвени и донесени двете одредници: патоказот за реформи во јавната администрација и патоказот за поглавјата за владеење на правото со придружен акциски план.
Како институција задолжена за координација на евроинтегративниот процес, Секретаријатот за европски прашања уште во јуни оваа година почна со активности за подготовка на овие документи преку континуирани средби и консултации со сите надлежни институции. При подготовката на сите документи нашата администрација, пред сѐ, ги имаше предвид скрининг-извештајот за Кластерот 1 и извештајот за напредокот на државата, при што се обидовме да ги адресираме најголмите недостатоци во клучните области.
Паралелно со ова, СЕП во координација со МНР почна со подготовка на нацрт-акциски план за заштита и унапредување на правата на припадниците на малцинствата и заедниците, кој треба да се гледа во корелација со патоказите, пред сѐ, со тој за владеење на правото.
Морам да напоменам дека од самиот почеток нашата администрација е во постојана комуникација со службите на Европската комисија, со цел да дојдеме до заеднички прифатлив документ, кој потоа треба да биде прифатен и од земјите членки.
Во своето обраќање вицепремиерот Маричиќ им се заблагодари на сите вклучени институции, вработените во Секретаријатот за европски прашања, релевантните министерства, кои вредно работеа на скринингот и беа од најголем придонес за успешниот исход.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.
Македонија
Тополова-Исајловска: Криминалот врз културното наследство остава трајни последици
Јавното обвинителство е една од клучните институции-потписнички на двата меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина.
Настанот го означи успешното завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Северна Македонија,финансиран од Европската Унија со средства од Инструментот за претпристапна помош – ИПА.
“Кривичните дела во овие области се карактеризираат со високо ниво на сложеност. Тие често вклучуваат организирани структури, прекугранични активности, финансиски интереси и значителна материјална штета. Последиците од ваквите дела, за разлика од други форми на криминал, во голем дел се трајни – уништеното културно добро или деградираната животна средина речиси никогаш не можат целосно да се обноват. Затоа, покрај националните механизми, од суштинско значење се и инструментите на меѓународна правна помош, размената на информации и оперативната соработка, како со институциите од регионот, така и со институциите од Европската Унија”, истакна при потпишувањето на меморандумите В.Д. Јавниот обвинител, Анита Тополова Исајловска.
Целта на проектот, во чија реализација беа вклучени италијанските Карабинери со специјална експертиза, беше зајакнување на националните капацитети за спречување, истражување и борба против кривични дела поврзани со културното наследство и животната средина во согласност со стандардите и најдобрите практики на ЕУ.
Меѓуинституционалната соработка беше зајакната преку структурирани механизми за координација, што резултираше со потпишување на двата Меморандуми за разбирање со кои се воспоставуваат национални мултиинституционални платформи за заедничко дејствување против криминалот со културното наследство и животната средина.
Македонија
СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија на ниво на Буркина Фасо и Танзанија според Транспаренси
СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“, повикувајќи се на Извештајот на Транспаренси за 2025 година, според кој, како што наведуваат, земјата е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија.
Од партијата тврдат дека граѓаните „секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“.
Во соопштението се наведува дека „161 тендер се доделени на една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“.
СДСМ ги споменува и петте тони дрога преку граница, оценувајќи дека се случил „најголемиот нарко-скандал во регионот со дрога од Македонија која била шверцувана во Србија“.
Според партијата, „наместо реформи во правосудството, власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ“.
„Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта“, наведуваат од СДСМ.
Во соопштението се додава дека „сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година“.

„Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“, додава СДСМ.

