Спорт
Секој ден награди со новогодишен календар за позабавни и побогати празници
Од денес, сите регистрирани и нови учесници во игрите на среќа на веб-страната www.megawin.mk на Државна лотарија, имаат нова можност за уште повеќе забава и големи награди, со учество во новата наградна игра НОВОГОДИШЕН КАЛЕНДАР со награден фонд од близу 5 500 000 денари.
Во период од денес заклучно со 19 јануари 2024 година на веб-страната www.megawin.mk учесниците коишто ќе се согласат за учество во играта ќе добијат интересен НОВОГОДИШЕН КАЛЕНДАР во којшто секој ден за времетраење на играта ќе откриваат нешто ново, ќе собираат симболи и ќе се впуштаат во забавни авантури до освојување на некоја од вредните парични награди прикажани преку слики на нешта што ги посакуваме и места за коишто сонуваме.
Преку извадок од Правилата за наградната игра, ќе се обидеме да ја доближиме возбудливоста на играта: на НОВОГОДИШНИОТ КАЛЕНДАР се прикажани последователни броеви од календарски датуми во декември 2023 година и јануари 2024 година. Секој ден од 20.12.2023 заклучно со 19.1.2024 година, учесникот во оваа наградна игра има право на едно бесплатно вртење на виртуелното тркало на среќата по што добива симболи коишто го пополнуваат „Дрвото на среќата“, но учесникот добива и дополнителни можности за вртење на тркалото на среќата по секоја успешно завршена мисија. Целта е да се пополни „Дрвото на среќата“ со потребните симболи. Секој ден е нов предизвик и нова можност за освојување парична награда прикажана со одредена слика од илустративна природа. Богатството на симболи ја поттикнува имагинацијата и внесува дополнителна празнична возбуда. Интересно е дека секој учесник кој ги исполнува условите за учество во наградната игра НОВОГОДИШЕН КАЛЕНДАР може да освои повеќе од 1 награда во рок од еден календарски ден, но исто така, доколку некоја од наградите планирани за одреден ден не биде освоена, истата ќе биде извлечена по пат на лотарија од сите учесници кои го собрале нецелосниот број на
симболи за неа. Севкупно се работи за многу забавна наградна игра богата со награди којашто ќе ги збогати празниците и чувство на среќа. Повеќе детали на www.megawin.mk.
Наградната игра НОВОГОДИШЕН КАЛЕНДАР со фонд од близу 5 500 000 денари започнува непосредно по завршувањето на првата наградна игра, со фонд од награди и подароци од 12 000 000 денари, со којашто се одбележа и отворањето на интернет-платформата мегавин на Државна лотарија. „Мега адреналин со мегавин“, е слоганот којшто е веќе оправдан и потврден бидејќи за многу кратко време преку оваа своја нова веб-страна Државна лотарија понуди многу забава, награди, подароци, добивки…
Новините и нивниот интензитет ја потврдуваат и новата иновативна и инвентивна стретегија на новата позабавна и поблиску до народот Државна лотарија.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лидерот Арсенал со покер голови ја честеше Астон Вила, Јунајтед се изрезилија против најлошиот тим во лигата
Фудбалерите на Арсенал, во дербито на 19-то коло ја победија Астон Вила со 4:1. „Топџиите“ ја прекинаа неверојатната серија на Астон Вила, од 11 победи во сите натпреварувања, осум од ив забелеани во Премиер лигата. Во истиот термин, Манчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара своите навивачи, откако одиграа 1:1 со најлошиот тим во лигата, Вулверхемптон.
Арсенал продолжува да доминира во Премиер лигата и суверено ја држи првата позиција во најсилната фудбалска лига во светот со 14 победи во 19 натпревари и 45 освоени бода.
Последниот триумф, петти во последните шест натпревари, дојде во вторник вечерта против Астон Вила.
Астон Вила е еден од најдобрите англиски тимови оваа сезона, одигра егал со лидерот во првите 45 минути, период во кој двата тима имаа по една опасна шанса за гол.
Во второто, ситуацијата на теренот драстично се смени. Во 48-та минута од натпреварот, Габриел го постигна првиот гол и Арсенал поведе со 1:0, само четири минути подоцна Зубименди го зголеми резултатот на 2:0.
Во 69-та минута, Лео Тросар постигна гол за убедливи 3:0, а во 78-та минута, Жесус, на асистенција на Тросар, ја погоди мрежата на Вила за „покер“ на Арсенал и водство од 4:0,.
Оли Воткинс се погрижи за конечните 4:1 во 94-таа минута.
Во исто време, играчите на Манчестер Јунајтед, одиграа нерешено со Вулверхемптон, 1:1.
Јунајтед играше на „Олд Трафорд“ со најлошиот тим во Премиер лигата и не успеа да победи, поради што играчите беа со свирежи испратени во соблекувалната.
Џошуа Зиркзе постигна гол за водство на Манчестер Јунајтед од 1-0 во 27-та минута, а Вулверхемптон освои бод (трет за нив од почетокот на сезоната) откако Ладислав Крејчи израмни во 45-та минута.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Борнмут освои бод кај Челзи, Евертон победи во Нотингем
Челзи не успеа да го победи Борнмут во 19-то коло, во Премиер лигата. Во терминот од 20.30 часот, Вест Хем повторно не успеа да победи, одигра 2:2 со Брајтон, Евертон триумфираше во Нотингем со 2:0, а Њукасл победи кај Барнли 3:1.
Одличен натпревар на „Стемфорд Бриџ“ одиграа Челзи и Борнмут, заврши без победник 2:2.
Сите четири гола беа постигнати во првото полувреме, а Брукс го отвори резултатот во шестата минута.
Кол Палмер израмни во 15-та од пенал, а Енцо Фернандес им донесе пресврт на домашните во 23-та.
Сепак, Џастин Клајверт израмни по четири минути и тој резултат остана на семафорот до рајот на мечот.
Челзи остана на петтото место со 30 освоени бода, додека Борнмут е на 15-та позиција со седум помалку.
Резултати:
Барнли – Њукасл 1:3 (1:2)
/Лорен 23 – Жоелинтон 2, Виза 7, Гимараеш 93/
Нотингем Форест – Евертон 0:2 (0:1)
/Гарнер 19, Бери 79/
Вест Хем – Брајтон 2:2 (2:1)
/Бовен 10, Пакета 45+4 – Велбек 32, Фелтман 61/
Спорт
(Видео) Се чини дека Јокиќ го избегна најлошото
Денвер Нагетс и негвоите навивачи, но и сите вистински кошаркарски фанови можат да здивнат. Неофицијално повредата на Никола Јокиќ не е серизона. За потсетување, лидерот на Денвер и лидер во МВП трката, во НБА лигата, го повреди коленото, во финишот на првото полувреме, против Мајами Хит.
Како што објави „Меридијан Спорт“, повикувајќи се на извори блиски до Денвер, првите индикации се дека станува збор за хиперекстензија и дека не е настаната сериозна штета на коленото..
Истите информации ги објави нешто подцна и „Моцарт спорт“, кој додава дека, најдобриот играл во лигата ќе паузира околу еден месец.
Тие информации се во согласност со првите проценки на лекарите, кои претпоставија дека станува збор за „модринка“ на коската, односно хиперекстензија на коленото.
Соиграчот на Јокиќ, Кам Џонсон, неодамна ја претрпе истата повреда и познато е дека ќе се рехабилитира од четири до шест недели.
Јокиќ утре треба да направи магнетна резонанца, но судејќи според првичните реакции, најдобриот кошаркар на светот требало да избегне подолга пауза.
Јокиќ се повреди на натпреварот против Мајами, а повредата се случи кога соиграчот на Јокиќ, Спенсер Џонс, го удри во долниот дел од ногата и му го повреди левото колено.
Јокиќ се струполи на подот, држејќи го коленото и превиткувајќи се од болка. Веднаш замина во соблекувалната и не се врати на теренот.
Денвер го загуби натпреварот во Мајами со 147:123, а Јокиќ имаше 21 поен, осум асистенции и пет скока до повредата.
This is the play where Nikola Jokic appeared to hurt his leg — hope it is nothing serious. 🙏
pic.twitter.com/XCihk0Fld4 https://t.co/NdTEYkKsbC
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 30, 2025
Foto/ depositphotos

