Економија
Николовски: Преку ИПАРД добиваме модерно и развиено европско земјоделство дома
ИПАРД е нашата успешна приказна, најголем успех со кој сите треба да се гордееме. Ние сме земја лидер во регионот по реализација на ИПАРД-програмата, и тоа по неколку основи. Имаме најголема 100 % реализација на ИПАРД-програмата, нула евра повраток на средства и први во регионот почнавме со реализација на новата ИПАРД 3-програма.
Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на панел-дискусијата „Како интеграцијата во ЕУ ги зајакнува македонските земјоделци“ одржана во рамките на кампањата на Владата, „Европска иднина, поблиску од кога било“.
„Речиси и да не постои село или град во кој што ја нема таблата на реализиран проект. И ова не се празни зборови кои ние секогаш ги потврдуваме и секого во очи го гледаме кога зборуваме за ИПАРД заради тоа што зборуваме со факти и аргументи коишто се лесно проверливи и коишто се докажуваат. Нашиот успех е потврден од Европската Комисија, којашто за новата ИПАРД 3 програма ја зголеми 62 проценти програмата, односно за 62 проценти го зголеми буџетот и ако во ИПАРД 2 имавме на располагање 60 милиони евра, сега во ИПАРД 3 имаме програма којашто први ја започнавме од сите земји кориснички на ИПАРД имаме 97 милиони евра неповратни европски средства наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство. Тоа значи нов зголемен, неповратен ЕУ-буџет, наменет за модернизација и развој на нашето домашно земјоделство“, рече Николовски.
Реализацијата на инвестициите преку ИПАРД-програмата, покрај за земјоделството, придонесуваат и за развојот на целокупната економија на државата. Преработувачките капацитети се развиваат, се зголемува извозот на домашни производи, се отвораат нови работни места, потенцира Николовски.
Една од главните цели на Владата е младите да останат дома, а токму ИПАРД-програмата дава предност за младите земјоделци и до 70 % финансиска поддршка на планираната инвестиција. Покрај ИПАРД-програмата, младите земјоделци на располагање имаат и други мерки за поддршка преку националните програми.
„Поддршка од 10.000 и 20.000 евра преку мерката млад земјоделец за почнување и развој на земјоделско стопанство. Овие мерки дадоа резултати, па денес имаме успешни млади земјоделци сопственици на мали семејни винарии или мали успешни производители на храна. Само со последната мерка за поддршка на бизнис-план во земјоделството, каде што даваме грант поддршка до 10.000 евра за набавка на механизација и опрема, од вкупно 206 одобрени апликации, 121 апликација е на млади земјоделци“, рече Николовски.
„За поголем досег на овие мерки и нивна максимална искористеност, Министерството и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со месеци работеа на промоција на мерките, информирање на корисниците преку посета на повеќе од 40 населени места каде детално ги образложивме условите, критериумите и можностите кои ги нуди програмата“, рече директорот на Агенцијата, Никица Бачовски.
Според него, интеграцијата во Европската Унија ќе придонесе за повеќекратно зголемување на финансиската поддршка за земјоделството.
„Тоа значи повисоки субвенции, поголем буџет за нови трактори и механизација, повеќе средства за преработувачките капацитети и микрокомпаниите од руралните средини. Сето ова ќе придонесе кон оптимизација на производството, подобар производ и поголема конкурентност на македонскиот земјоделски производ и на храната“, вели Бачовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

