Црна хроника
Неколку лица вклучени во измама и кражба на дрва, полицијата поднесе кривични пријави
Одделението за внатрешни работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Т. А. (54) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела измама и кражба, против З. М. (57) и Б. К. (62), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Против Т. Д. (51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето во врска со кривично дело кражба, Д. Ј. (76) од Пробиштип, Љ. С. (51) од Македонски Брод и О. Н. (67) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кражба.
Првопријавената Т. А. поднела барање за сеча од 20.2.2023 на имот со дрва во наследство од мајка си.
Откога било излезено на терен во парцелите наведени во барањето и по извршената контрола од второ- и третопријавениот, овластени службени лица од Јавното претпријатие „Национални шуми“, ПШС „Сандански“ – Македонски Брод, добила дозвола за сеча на вкупно 152,39 кубни метри дрвна бруто-маса, од кои 68,4 кубни метри нето-техничко и 68,76 кубни метри нето-огрев, која била жигосана и ѝ било издадено одобрение од 15.3.2023.
Врз основа на одобрението, Т. А. со четвртопријавениот, одговорно лице во правно лице од општина Дебарца, како и со други физички лица, склучила договор за сеча и откуп.
Притоа од парцелите што дел се во нејзина сопственост и за кои е издадено одобрението, извршила селективно посекување на дозволената дрвна маса, а дополнително од катастарска парцела, која е во нејзина сопственост, а не е впишана во одобрението, како и од катастарски парцели што се во приватна сопственост и катастарски парцели со незапишани права на сопственост и имот на РСМ, извршила бесправно посекување дрвна маса.
Потоа, третопријавениот како шумочувар, не извршил контрола на посечените стебла, а второпријавениот ја легализирал сечата со издавање испратници во согласност со претходно издадено одобрение.
Четвртопријавениот, пак, на трансакциска сметка на петтопријавениот му исплатил 44.000 денари, лично на рака на шестопријавениот му дал 15.000 денари, а за делот од дрвната маса што бил откупен од лице од Македонски Брод, по извршената купопродажба, првопријавената, за дрва кои бесправно ги посекол седмопријавениот, на рака му платила со точно неутврдена висина. Со ваквите дејства второпријавениот и третопријавениот нанеле штета на други сопственици, односно уништиле државна шума, а притоа дозволиле првопријавената да се стекне со противправна имотна корист од речиси 486.000 денари, односно да предизвика материјална штета од вкупно 1.162.070 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

