Македонија
(Видео) Стоилковски: Спасовски да одговори како синот на командант Баци бега од куќен притвор
Оливер Спасовски на следното појавување во јавност нека одговори каде е лицето Наим Самиу од тетовско Шемшово, син на познатиот командант Баци, кој треба да е во притвор, рече на денешната прес-конференција Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Спасовски при себепромоциите нека истакне како лице во домашен притвор за две дела, со решение за затворски притвор за трето дело, едноставно – си оди, бега, и го нема. Дали е можно Наим Самиу да ја напуштил државата, дали е можно да имал помош од МВР, дали зад сето стојат врските на СДС со неговиот татко познат како командант Баци? Наим Самиу бил во куќен притвор заради дрога кокаин, како и со мерка заради семејно насилство, кога на 13-ти месецов повторно е пријавен за семејно насилство“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнува дека на 15 овој месец полиција го спроведува до суд за трето кривично дело. Истиот ден се готви решение за активен притвор наместо куќен. Полицијата го враќа дома, а веќе следното утро, на 16-ти полицијата не го наоѓа дома за да го спроведе во истражен затвор.
„Срамно е тоа што се случува. Се’ упатува на тоа дека човекот е вратен – за да замине. Зошто не е задржан во судот, зошто не е испратен директно во истражен затвор, зошто немало обезбедување за да не избега, дали зад тоа стојат врските на СДС со командант Баци, татко на избеганиот, тоа се прашања за кои, веројатно, ќе има одговор по изборите“, додава Стоилковски.
Според него, сѐ додека ДУИ и СДС се на власт, а Оливер Спасовски на чело на полицијата, криминалците прават што си сакаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

