Македонија
Левицата: Дури 80 проценти од подрачните канцеларии на ДИК не работат
По извршената телефонска проверка во текот на изминатите денови од страна на членови на политичата партија Левица се исконтактирааа сите 34 подрачни канцеларии на ДИК од 14 до 15 часот, од кои само 7 подрачни канцеларии одговорија на повикот. Тоа се ПК во Центар, Гази баба, Гевгелија, Валандово, Кичево, Берово, Охрид, информираат од Левица.
Додаваат дека во сите останати подрачни канцеларии на ДИК во: Мкедонски брод, Кочани, Виница, Делчево, Струга, Радовиш, Велес, Кавадарци, Неготино, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Битола, Ресен, Демир Хисар, Гостивар, Куманово, Крива паланка, Кратово, Прилеп, Крушево, Тетово, Карпош, Чаир и Кисела Вода телефонските броеви или се недостапни, исклучени или никој не се јавува и тоа по неколку обиди на телефонско јавување.
„Јавно го прашуваме претседателот на ДИК Александар Даштевски: Дали работат подрачните канцеларии кои се напоменати? И ако ДА, тогаш кои денови и кога им е работното време? Дали е точна информацијата дека секоја подрачна канцеларија брои 2-3 вработени? Ако е така дали над 50 вработени во ДИК не одат на работа и само ги цицаат народните пари?“, прашуваат од оваа партија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

