Македонија
Костадинов од Неготино: Заедно да се избориме за европски вредности и европски стандарди за младите

Европската перспектива е важна за сегашните но уште повеќе за младите, за идните наши генерации, имаме историска шанса и одговорност наша е да се изборите за европски вредности и европски стандарди, рече потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов денеска на трибина Повеќе за сите во Неготино.
-Нас како општество ни е неопходен тој европски, социјален, еколошки и економски напредок кој носи благосостојба, правда и подобри услови за сите граѓани, но воедно и создава вредности за идните генерации. Како одговори луѓе имаме одговорност пред идните генерации да им ја обезбедиме европската перспектива, европските вредности и европски стандарди дома, во сопствената татковина. Имаме историска шанса.
Затоа, претстојните избори се референдум кој правец ќе го фати земјата, дали ќе продолжи напред по европскиот пат или ќе се врати назад. Убеден сум дека граѓаните ќе изберат напредок и членство во ЕУ, рече Костадинов.
Социјалдемократските вредности за солидарност и грижа за сите ги преточивме во политики и мерки со кои сите добиваат повеќе, затоа што секој заслужува повеќе, додаде тој.
-Во изминатите години СДСМ врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните и стопанството. Само со последниот 9 ти пакет антикризни мерки 662 милиони евра обезбедивме за финансиска поддршка на пензионерите, студентите, учениците, ранливите, компаниите. Ги помагаме сите во моменти кога тоа им е најпотребно, рече потпретседателот Перо Костадинов на трибината во Неготино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улца ХО ШИ МИН, во населба Бутел, општина Бутел;
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Студеничанска, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Карпош и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100мм на ул.Будимпештанска бр.25,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици:Будимпештанска, Осло Љубица Георгиева, Бањалучка, Хашка и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.(општина Карпош)
· Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Пиринска бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Пиринска и дел од ул.Ленинова од 09:00 часот до завршување.(општина Центар)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, попладне до 30 степени

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.