Свет
Кубанскиот парламент ја одобри евтаназијата
Куба стана втората земја во Јужна Америка и Карибите која ја одобри евтаназијата.
Националното собрание на таа држава, по Колумбија, ја усвои мерката како дел од законот што ја формира правната рамка на нацијата за универзален и бесплатен здравствен систем.
„Правото на луѓето да умрат со достоинство е признаено во одлуките за крајот на животот, кои може да вклучуваат ограничување на терапевтскиот напор, континуирана или палијативна нега и валидни процедури со кои се завршува животот“, се вели во финалниот нацрт на законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Џеф Безос вечерал со Доналд Трамп на неговиот имот на Флорида
Основачот на „Амазон“ и сопственик на „Вашингтон пост“, Џеф Безос, е еден од многуте милијардери кои во последните денови го посетија новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида, објави денеска Би-би-си.
Во видеото објавено на социјалните мрежи, Безос е виден како влегува во Мар-а-Лаго во средата навечер, на пат на вечера со новоизбраниот претседател.
Безос вети 1 милион долари во инаугуративниот фонд на Трамп и исто така има големи деловни интереси со американската влада преку неколку негови компании, вклучувајќи ги Amazon Web Services и Blue Origin, неговата компанија за истражување на вселената.
Свет
Падна мрежата „Х“: Корисниците ширум светот пријавуваат бројни проблеми
Социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) повторно се соочува со оперативни проблеми, а голем број корисници ширум светот пријавуваат потешкотии.
Сајтот DownDetector сними повеќе од 500 извештаи за само неколку минути, околу 19 часот, во врска со функционалноста на платформата, која е во сопственост на милијардерот Илон Маск.
Корисниците се жалат дека апликацијата не се вчитува, без разлика кој интернет прелистувач го користат или колку пати се обидуваат да ја освежат страницата. Многу корисници исто така изјавија дека не можат да пристапат до нивните профили или да испраќаат нови објави.
Ова не е прв пат X да има технички проблеми, а неодамнешните проблеми со функционалноста доаѓаат бидејќи платформата продолжува да се бори со промените што Маск ги воведе во текот на изминатата година.
Засега X не објави ништо за овој проблем, па останува нејасно што ги предизвикува моменталните тешкотии.
Свет
Зеленски: Украина ќе биде подготвена за дипломатија следната година
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во Брисел се сретна со лидерите на европските земји и рече дека Украина ќе направи се за да стане силна следната година и дека ќе биде подготвена за дипломатија.
„Правиме се за да ја направиме Украина силна, никој ништо да не ни наметнува и мислам дека ќе успееме во се“, рече Зеленски.
Како што е наведено на официјалната веб-страница на претседателот на Украина, клучна тема на средбата била како да се зајакне Украина и нејзината позиција на фронтот и во дипломатијата.
Тие разговараа и за зајакнување на украинската воздушна одбрана за заштита на градовите и критичната инфраструктура.