Свет
Објавена снимка на која Трамп ги повикува официјалните лица да ја поништат победата на Бајден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/tramp1-2.jpg)
Претседателот на САД, Доналд Трамп извршил притисок врз претставниците на изборите во Мичиген и побарал од нив да не ја потврдуваат победата на демократот Џо Бајден во таа сојузна држава по претседателските избори во 2020 година, објави Детроит њуз.
Во телефонски разговор на 17 ноември 2020 година, тогашниот американски претседател им кажал на претставниците на изборите во округот Вејн, двајца републиканци, да не ги потврдуваат изборните резултати.
„Мораме да се бориме за нашата земја“, им рекол Трамп, според снимките од повикот до кои дошол еден медиум во Мичиген.
Округот Вејн е најнаселениот округ во Мичиген и го вклучува Детроит, демократски град со значително црно население. Според аудиото, Трамп рече дека републиканците „биле измамени на овие избори“, според медиумскиот извештај објавен во четвртокот.
Трамп ја негира вината
Трамп, фаворит за републиканската претседателска номинација во 2024 година, се соочува со федерални обвиненија дека се обидел да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година во обид што кулминираше со насилен напад врз Конгресот. Трамп негира дека сторил нешто лошо и ги отфрла наводите како лов на вештерки.
„Активностите на Трамп беа преземени како унапредување на неговата должност како претседател на Соединетите држави верно да ги почитува законите и да обезбеди интегритет на изборите, вклучително и истрагата за наместените и украдени претседателски избори во 2020 година“, рече портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг на прашањето за објавата на медиумите во Мичиген.
Трамп се соочува со обвиненија во Џорџија дека се обидел да ги поништи резултатите од претседателските избори, вклучително и личен телефонски повик со републиканскиот државен секретар за да „најде“ доволно гласови за да го поништи неговиот пораз во таа држава, што функционерот одбил да го направи.
Властите во Мичиген поднесоа кривични пријави против 16 лица за нивните улоги во наводна шема за измама со гласачите по претседателските избори во 2020 година, но не го обвинија Трамп.
„Мојата канцеларија ќе продолжи да ги поддржува напорите на државните и федералните органи за спроведување на законот да ги истражат и да ги повикаат на одговорност оние кои се вклучени во какво било злосторство извршено во обид да се поништи волјата на гласачите на Мичиген“, рече во изјавата државната секретарка на Мичиген Џоселин Бенсон, додавајќи дека таа не била свесна за овие снимки на Трамп до објавувањето во медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Трамп тајно снимен како ги навредува Бајден и Харис: Тој се откажува од трката, а таа е толку патетична
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/tramp12.jpg)
Доналд Трамп го навреди актуелниот американски претседател и ривал на претстојните избори и кажа дека е на работ да „испадне од трката“, во тајно снимено видео објавено од „Дејли бист“.
На видеото се гледа како 78-годишниот Трамп седи во количка за голф и држи куп пари.
„Како поминав со дебатата пред некоја вечер? Тој се откажува од трката“, им рече Трамп на група луѓе собрани во близина.
„Го исфрлив од трката, а тоа значи дека ја имаме Камала. Таа е толку лоша. Таа е толку патетична. Таа е многу лоша“, продолжува Трамп.
BREAKING: Leaked video shows Donald Trump saying he thinks Kamala Harris will be the Democrat nominee, says she is "so f**king bad."
"She's so bad. She's so pathetic. She's just so f**king bad."
"How did I do with the debate the other night? I kicked that old, broken down pile… pic.twitter.com/8OKxd1hHc6
— Collin Rugg (@CollinRugg) July 4, 2024
„Можете ли да замислите Бајден да има работа со Путин и со претседателот на Кина, кој е жесток човек? Тој е жесток човек. Многу силен тип“, заврши Трамп.
Да потсетиме, по лошиот настап на Бајден на минатонеделната дебата, многу демократи и аналитичари побараа Бајден да се откаже од трката поради се повидливите проблеми со неговото здравје. Воедно, тоа беше и голема победа за Трамп, кој според анкетите води во трката за претседателската функција, иако оваа предност најчесто е на ниво на статистичка грешка.
Свет
Израел испрати луѓе да преговараат со Хамас за ослободување на заложниците
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/netanjahu.jpg)
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му рекол на американскиот претседател дека одлучил да испрати делегација за да ги продолжи преговорите со Хамас за ослободување на заложниците, објави неговата администрација.
Во телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, Нетанјаху ја повтори својата позиција дека Израел ќе ја прекине својата речиси деветмесечна операција во Газа кога ќе бидат постигнати сите негови цели, се вели во соопштението.
Израелската телевизија Канал 12 објави дека израелската делегација ќе ја предводи шефот на разузнавачката служба Мосад.
Не е јасно каде треба да се водат разговорите. Досега со нив посредуваа Египет и Катар, а средби беа одржани и во двете земји.
Израел денеска го доби одговорот на Хамас на предлогот што Бајден го претстави на крајот на мај, а кој вклучува ослободување на 120 израелски заложници од Газа и прекин на огнот во палестинската енклава.
Информиран палестински извор рече дека Хамас, милитантната група која ја контролира Газа, покажала флексибилност за некои елементи кои, доколку ги прифати Израел, ќе овозможат да се постигне поширок договор.
Европа
Украинците се повлекоа од дел на Часив Јар, објавени фотографии од опустошениот град
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/chasiv-jar-ukraina-6.jpg)
Армијата на Украина денеска соопшти дека нејзините војници се повлекле од дел од Часив Јар во источниот регион Доњецк, еден ден откако Русија објави дека нејзините сили презеле контрола врз дел од стратешки важниот град.
Денеска беа објавени воздушни фотографии на кои се гледа квартот Новји, кој се наоѓа западно од каналот Сиверски Доњец-Донбас, а минува низ источниот дел на градот. Руското Министерство за одбрана вчера извести дека руските воени сили ја презеле контролата токму на тој дел.
Часив Јар се наоѓа на рид. Доколку руските сили воспостават целосна контрола над градот, тие во иднина би можеле да го користат како почетна точка за понатамошен напредок кон запад и кон украинските градови Краматорск и Славјанск.
„За нас стана непрактично да одржуваме контрола врз делови од градот откако непријателот влезе таму. Животот и здравјето на нашите војници беа загрозени, а позициите на нашите бранители беа исто така уништени“, изјави воениот портпарол Назар Волошин за украинската телевизија.
„Командата одлучи да се повлече на подобро заштитени позиции, но непријателот не престанува со активната борба ниту во таа област“, рече тој.
Руските сили, кои ја започнаа инвазијата на Украина во февруари 2022 година, постепено напредуваа во регионот Доњецк во последните недели, барајќи да отворат нов фронт во близина на североисточниот град Харков.
Напредокот во регионот Харков е запрен, но украинските воени аналитичари признаваат дека 2024 година била тешка година за Украина на бојното поле, која исто така била погодена од доцнењето на американската воена помош.
Украинските воени сили во дневниот извештај објавија дека во последните 24 часа се воделе 161 воена битка, од кои повеќето се случиле во областа Доњецк. Во извештајот се наведува и дека украинските воени сили ги спречиле руските сили да ја пробијат украинската одбрана на фронтот Краматорск, кој ги опфаќа областите во близина на Часив Јар.