Црна хроника
Штипјанец силувал 27-годишна жена
Дваесет и седумгодишна жена од Штип пријавила дека синоќа по полноќ во домот на Ф.И.(31) од Штип, тој извршил обљуба над неа.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Ф.И. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Улични кучиња искасаа граѓани во Аеродром и Карпош
Полицискиот билтен и денес бележи случаи на граѓани каснати од улични кучиња. Вчера во 18.00 часот во полициската станица Аеродром, В.Т.(57) од Скопје пријавила дека на ул„12 Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник.
Во полициската станица Карпош, вчера во 13:30 часот С.П.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Хасан Приштина“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Топ
Едниот продавал, другиот купувал марихуана, двајцата добија кривични пријави
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.С.(25) и А.А.(20), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 23 април 2024 на ул.„Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници кај второпријавениот пронашле и одзеле марихуана која ја купил од првопријавениот.
Црна хроника
„Сузуки“ излета од пат, четворица се повредени
Во ОВР Виница вчера во 20:15 часот било пријавено дека на регионален пат Виница – Кочани, патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(34) од с.Иљово, делчевско, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Г.Ц.(46) и В.Ц.(51), двајцата од Виница, додека со телесни повреди се здобиле возачот Т.С. и сопатникот М.С.(53) од Виница, констатирани во болницата во Кочани.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Виница.