Свет
За само еден ден загинале повеќе од 200 луѓе: Израел и Хамас ги објавија загубите од почетокот на војната

Израелската армија објави дека осум членови на израелските одбранбени сили (ИДФ) се убиени денеска во борбите во Појасот Газа, со што вкупните израелски борбени загуби од почетокот на копнената офанзива на 20 октомври изнесуваат 154 припадници.
Министерството за здравство, кое е под контрола на Хамас, објави дека од почетокот на израелската копнена офанзива во Појасот Газа, повеќе од 20.000 Палестинци се убиени, а 53.000 луѓе се ранети, како и дека само претходниот ден уште 201 луѓе загинале, а 368 биле ранети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хрватска го враќа задолжителниот воен рок

Хрватската влада денеска до тамошниот законодавен дом го испрати предлогот за измени на Законот за одбрана и Законот за служба во вооружените сили, со кои, меѓу другото, повторно се воведува задолжително основно воено оспособување.
Во образложението, премиерот Андреј Пленковиќ посочи дека Владата смета дека овие документи се неопходни, имајќи ги предвид значително променетите глобални безбедносни околности.
Тој потсети дека Хрватска од 2008 година има суспендирана одлука за задолжителна воена служба и дека со овие измени ќе се создадат предуслови младите генерации да стекнат потребни вештини, што ќе ја зајакне силата на Хрватската војска.
Фото: ЕПА
Свет
ЕУ објави 2,3 милијарди евра помош за обнова на Украина

Европската комисија денес објави 2,3 милијарди евра поддршка за Украина за да ѝ помогне да се обнови од штетите предизвикани од руската инвазија. Средствата вклучуваат 1,8 милијарда евра гаранции за кредити и 580 милиони евра грантови од меѓународни и билатерални јавни финансиски институции, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на конференција во Рим за плановите за обнова на Украина.
Вкупниот износ од 2,3 милијарди евра е дел од инвестициската рамка за Украина. Фон дер Лајен рече дека се очекува рамката да мобилизира до 10 милијарди евра инвестиции во Украина.
Шефицата на ЕК исто така најави формирање нов фонд за обнова на Украина, поддржан од Европската инвестициска банка, Франција, Германија, Италија и од Полска. Со почетен капитал од 220 милиони евра фондот има цел да мобилизира 500 милиони евра до 2026 година, соопшти Комисијата.
Свет
Заменик-рускиот министер: Администрацијата на Трамп е контрадикторна

Заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков, денес изјави дека контрадикторните постапки и зборови на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја отежнуваат работата, иако Москва е посветена на подобрување на односите со Вашингтон.
„Администрацијата на Трамп е многу контрадикторна во своите постапки и изјави. Ова не ја олеснува работата“, изјави Сергеј Рјабков, цитиран од државната новинска агенција ТАСС.
„Сепак, ние упорно и доследно го следиме правецот кон нормализација на нашите односи“, додаде тој.
Рјабков рече дека Русија знае како да се спротивстави на какви било можни дополнителни санкции од Вашингтон, објави новинската агенција „Интерфакс“.
„Знаеме како да се спротивставиме на санкциите. Можеме да видиме дека развивме алатки и шеми во последните години. Ова во голема мера задоволува одредени мерки преку замена“, рече Рјабков.