Свет
Израел изврши еден од најсмртоносните напади од почетокот на војната

Во воздушните напади на Израел загинаа најмалку 78 лица во Газа, соопштија палестинските здравствени власти, во една од најсмртоносните ноќи во опколената енклава за време на 11-неделната војна на Израел со Хамас.
Нападите почнаа во часовите пред полноќ и продолжија во текот на утрото. Жителите и палестинските медиуми соопштија дека Израел го засилил воздушното и копненото гранатирање на Ал Буреиџ во центарот на Газа.
Папата Франциско рече дека пораката на Исус за мир била задушена од „залудна логика на војната“ во земјата каде што е роден.
Најмалку 70 лица загинаа во израелски воздушен напад врз Магази во центарот на Газа, изјави портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал-Кидра, додавајќи дека многумина се жени и деца. Израелската војска соопшти дека го разгледува извештајот за инцидентот во Магази и дека е посветена на минимизирање на штетата на цивилите.
Хамас ги негира обвинувањата на Израел дека дејствува во густо населените области или користи цивили како жив штит.
Палестинската Црвена полумесечина објави снимка на ранети жители, кои се транспортираат во болници. Израелски воени авиони ги бомбардираа главните патишта попречувајќи го минувањето на возилата за итни случаи. Лекарите соопштија дека осум Палестинци биле убиени во израелски воздушен напад врз Кан Јунис во јужниот дел на Газа.
Свештениците ги откажаа прославите во Витлеем, палестинскиот град на Западниот Брег, каде што христијанската традиција вели дека Исус е роден пред 2.000 години. Палестинските христијани, наместо вообичаените прослави, одржаа божиќно бдеење со свеќи во Витлеем со песни и молитви за мир во Газа.
Немаше големо дрво, вообичаеното централно место на божиќните прослави во Витлеем. Помеѓу урнатините и бодликавата жица беа поставени фигури на Христовото раѓање во црквите во знак на солидарност со жителите на Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.