Свет
Рускиот вицепремиер: Произведуваме многу оружје. Не сакам да се фалам, но…

Русија е пред Западот во производството на оружје и има намера да одржи висока стапка на раст, изјави рускиот вицепремиер Денис Мантуров откако и Западот и Русија го зголемија производството на оружје поради војната во Украина.
Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.
Украина и нејзините западни поддржувачи го зголемија производството на оружје во обид да ги поразат руските сили на боиштата во Украина. И Русија го зголеми производството, но вели дека Западот е виновен за војната што почна за Москва во 2014 година.
„Не сакам да се фалам, но можам да кажам дека почнавме да го добиваме и забрзуваме темпото на производство порано од западните земји“, изјави Мантуров за агенцијата РИА, вицепремиер што го надгледува производството на оружје. „Второто прашање е колку ќе трае оваа трка“, рече Мантуров и додаде дека планот за вооружување за периодот од 2025 до 2034 година треба да биде одобрен в година.
Претседателот Владимир Путин и неговиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјавија дека производството на артилерија, беспилотни летала, тенкови и оклопни возила расте.
Некои поранешни западни лидери зборуваа за нова студена војна меѓу Русија и Кина, од една страна, и Соединетите Американски Држави и нивните сојузници, од друга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Подготвен сум за трилатерален состанок

Претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, сè уште одговараат на прашањата на новинарите во Белата куќа.
„Ќе имаме состанок. Ако сè оди добро денес, ќе имаме трилатерален состанок и мислам дека постои разумна шанса тогаш да ја завршиме војната.“, рече Трамп.
Претседателот на САД, исто така се осврна на можна трилатерална средба меѓу него, Зеленски и Владимир Путин.
Тој додаде дека никогаш не може однапред да каже дали таа средба ќе значи крај на војната.
Зеленски рече дека е подготвен за трилатерален состанок и додаде дека би било многу добро да се одржи.
Свет
Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина ќе добие некаков вид безбедносни гаранции, но не прецизираше дали тоа ги вклучува и американските сили.
Зборувајќи во Белата куќа, американскиот претседател изјави:
„Ќе има многу помош кога станува збор за безбедноста. Ќе има многу помош. Ќе биде добро. Тие се првата линија на одбрана затоа што се таму, но и ние ќе им помогнеме. Ќе бидеме вклучени кога ќе дојде вистинското време.“
На Трамп му беше поставено и прашањеѕп дали денешниот самит е „договор или ништо“.
„Не можам да го кажам тоа“, одговори Трамп.
„Никогаш не е крај на патот. Луѓе умираат и ние сакаме да го спречиме тоа. Затоа не би рекол дека е крај. Мислам дека сега имаме добра шанса.“
Трамп додаде дека верува оти и Владимир Путин сака крај на војната.
Слетете ВО ЖИВО.
Свет
(Во живо) Eвропските лидери стигнаа во Вашингтон, почнува средбата меѓу Трамп и Зеленски

Претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп повторно се сретнаa лице в лице во Вашингтон.
Тоа e нивна четврта средба во живо оваа година, и секоја од нив досега беше посебна на свој начин.
Претходно челниците на ЕУ и НАТО стигнаа во Белата куќа. Се очекува сите да се состанат по средбата меѓу Трамп и Зеленски.
Во Вашингтон стигнаа претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, првиот човек на НАТО, Марк Руте, претседателот на Фрација, Емануел Макрон, канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стамер, како и премиерката на Италија, Џорџа Мелони.