Европа
Папата повика на прекин на воените операции во Газа

Папата Франциско во благословот Urbi et Orbi повика да се запрат воените операции и да се подобри хуманитарната ситуација во Газа и рече дека војната е пат без дестинација и дека светот треба да му каже „не“ на оружјето. Папата Франциско рече дека моли за ослободување на заложниците на Хамас, прекин на воените операции во Газа и подобрување на хуманитарната ситуација.
„Нека дојде (мир) во Израел и Палестина, каде што војната ги уништува животите на тие народи. Ги прифаќам сите, особено христијанските заедници во Газа и целата света земја“, рече папата Франциско повикувајќи на прекин на „поттикнување на конфликтот“ и наместо тоа, да се оди кон решение на палестинското прашање со силна политичка волја и поддршка од меѓународната заедница.
Папата истакна дека се моли за Украина, Сирија, Јемен, либанскиот народ и за сите земји што се сцена на насилни конфликти и ги покани сите да му се придружат во молитвата за крај на сите војни во светот. „Да му се каже ‘да’ за мирот, значи да ѝ се каже ‘не’ на војната, на секоја војна. Кажете ‘не’ на војната со храброст. Војната е патување без дестинација и пораз без победник“, рече папата Франциско, кој ги критикува зголемувањето на производството и продажбата на оружје.
„За да ѝ се каже ‘не’ на војната, треба да му се каже ‘не’ на оружјето“, нагласи тој. Поглаварот на Католичката црква повика светот да биде ‘гласот на невините, на оние што загинаа поради недостиг на вода и храна, глас на оние што не може да најдат работа или ја изгубиле, глас на оние што се принудени да ја напуштат својата татковина во потрага по подобар живот“.
Тој во својата божиќна порака рече дека децата што умираат во војни, вклучително и во Газа, се „малите Исуси на денешницата“ и дека израелските напади таму жнеат „ужасна жетва“ на невини цивили. Папата го нарече гнасен нападот на 7 октомври врз Израел од милитантите на Хамас. Говорејќи од централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ пред илјадниците луѓе на плоштадот, тој повика на заштита на правата на мигрантите во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Злосторство од 1995 година: награда од 20.000 фунти за оној што ќе го открие убиецот на Британката

Злосторството што се случило пред речиси три децении останува неразјаснето, а ќерката на жртвата сега упатува јавен апел за помош.
Џенет Браун, 51-годишна мајка на три деца, беше брутално убиена на 10 април 1995 година во нејзиниот дом во Бакингемшир, Англија. Нејзиниот убиец никогаш не бил пронајден.
Полицијата има примерок од ДНК пронајден на местото на злосторството, за кој верува дека му припаѓа на убиецот, но не одговара на ниту едно лице во полициската база на податоци. Во текот на истрагата беа испрашани повеќе од 1.000 мажи, но сите беа исклучени од истрагата.
Се нуди награда од 20.000 фунти за информации кои ќе доведат до апсење и осудување на сторителот, а секој што има информации може анонимно да контактира со Crimestoppers.
Џенет Браун работела како медицински истражувач во болницата Џон Редклиф во Оксфорд. Таа била пронајдена гола, со лисици на рацете и со превез преку устата, на дното од скалите, се било полно со крв. И покрај околностите, полицијата не верува дека мотивот бил од сексуална природа, а од домот ништо не е украдено.
Нејзината најстара ќерка Зара Харден вели дека сè уште не може да разбере зошто некој би ја нападнал нејзината мајка: „Тоа ми е целосно несфатливо, но убедена сум дека некој знае нешто“, рече таа.
„Таа беше врзана и брутално претепана, буквално претепана до смрт. Не е важно што никој не се јави тогаш, сè уште не е доцна”, рече таа.
Во моментот на убиството децата на Џенет Браун, Зара, Бенедикт и Роксана, не биле дома, а нејзиниот сопруг д-р Греам Браун бил на службено патување во Швајцарија.
Убиецот прво се обидел да го пресече стаклото на двојните лизгачки врати, а потоа го скршил стаклото и насилно влегол во куќата. Се верува дека Џенет била убиена во периодот од 20.15 до 22.15 часот истата вечер. Телото следното утро го пронашол градежен работник кој со синот требало да работи на куќата.
„Убиецот или убијците останаа неказнети до ден-денес. Сакаме да бидат кривично гонети. Некој способен за ваков вид на криминал се уште е на слобода и сакаме да спречиме вакво нешто да се повтори“, рече Харден.
Питер Бирн, шеф на тим за ревизија на нерешени тешки злосторства на полицијата, рече: „Сè уште верувам дека има луѓе кои имаат информации или сомневања во врска со ова брутално убиство“.
„Имаме ДНК профил од местото на злосторството. Тој не припаѓа на членовите на семејството и веруваме дека тоа би можело да биде клучен доказ кој го поврзува убиецот со злосторството“, рече Бирн.
Европа
Кралот Чарлс и Камила ненајавено го посетија папата Франциско

Папата Франциско вчера имаше ненајавена средба со британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила, кои се во посета на Италија, соопштија Ватикан и Бакингемската палата.
Портпаролот на Бакингемската палата рече дека кралот и кралицата се „воодушевени“ што папата е во доволно добра здравствена состојба за да ги прими, откако средбата претходно беше откажана поради здравствената состојба на папата.
Чарлс Трети и Камила требаше да имаат официјална државна посета на Ватикан, заедно со посетата на Италија, но таа беше откажана откако лекарите му препишаа на Франциско два месеци одмор и закрепнување по хоспитализацијата.
Папата приватно ја прими кралската двојка и им посака се најдобро за нивната 20-годишнина од бракот, која ја прославија во среда, се вели во соопштението на Ватикан.
Франциско и Чарлс се сретнаа двапати претходно, во 2017 и 2019 година, пред актуелниот британски монарх да стане крал.
Покојната кралица Елизабета го посети папата Франциско во Ватикан во 2014 година.
Папата се уште се опоравува по престојот во болница со билатерална пневмонија.
Гласот и мобилноста на папата Франциско продолжуваат да се подобруваат благодарение на неговите секојдневни вежби, соопшти во вторникот Канцеларијата за печат на Ватикан.
Кралот Чарлс Трети од февруари 2024 година се лекува од рак, чиј тип никогаш не беше јавно објавен, а беше откриен по операцијата за зголемена простата.
Европа
Украинскиот врховен командант: Русија почна офанзива врз регионите Суми и Харков

Олександр Сирски, врховен командант на вооружените сили на Украина, во интервју за LB.ua изјави дека руските сили почнале офанзива врз регионите Суми и Харков.
На прашањето за изјавата на Володимир Зеленски дека Русија се подготвува за офанзива на регионите Суми и Харков, Сирски одговори дека офанзивата веќе почнала. „Можам да кажам дека претседателот е апсолутно во право и дека оваа офанзива, всушност, веќе почна“.
Сирски рече дека ова е делумно потврдено од фактот дека руските офанзивни операции во сите главни правци се речиси двојно зголемени во текот на изминатата недела.
За време на состанокот на европските лидери во Париз, кој се фокусира на поддршката за Украина, Зеленски рече дека украинските разузнавачи укажуваат дека Русија подготвува нови офанзиви против регионите Суми, Харков и Запорожје.
„Според нашите разузнавачи, Русија се подготвува за нови офанзиви во регионите Суми, Харков и Запорожје. Тие ги одолжуваат преговорите и се обидуваат да ги вовлечат САД во бескрајни, бесмислени дискусии за лажни услови, само за да купат време, а потоа да се обидат да заземат поголема територија“, рече Зеленски.