Спорт
Модриќ се договорил со Ал-Наср

Лука Модриќ влегува во последните шест месеци од договорот со Реал Мадрид и извесно е дека нема да потпише нов. Капитенот на хрватската репрезентација веќе има неколку понуди за продолжување на кариерата.
„Тодофихајес“, шпански портал специјализиран за трансфери, тврди дека 38-годишниот играч од средниот ред веќе постигнал договор со својот следен клуб.
„Пред неколку недели Модриќ ги извести челниците на Реал дека заминува. Иако имаше интересна понуда од Интер Мајами, на крајот одлучи улогата на Кристијано Роналдо. Португалецот е во постојан контакт со Модриќ и го убеди да му се придружи во Ал Наср“, пишуваат Шпанците.
„Условите на договорот не се познати, но се шпекулира дека хрватскиот репрезентативец ќе заработува околу 30 милиони евра по сезона. Постоеше опција тој да го напушти Реал веќе во зимскиот преоден рок, но и Модриќ и Реал се откажа од тоа“.
Модриќ е во Реал од 2012 година и освои се што може да се освои „кралскиот клуб“. Тој одигра 508 натпревари и постигна 38 гола со 80 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Невладини организации побараа Аргентина и Меси да го бојкотираат мечот со Ангола

Неколку невладини организации апелираа до фудбалската репрезентација на Аргентина и до Лионел Меси да се откажат од пријателскиот натпревар во Ангола откако 30 лица загинаа во протестите во Луанда минатиот месец. Пртестите се одржаа против зголемувањето на цените на горивата.
Анголската фудбалска асоцијација неодамна објави дека Аргентина треба да биде гостува во Луанда во ноември во чест на 50-годишнината од независноста на таа јужноафриканска земја. Сепак, Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) сè уште не потврди дека натпреварот ќе се одржи.
Во отворено писмо упатено до АФА, националниот тим и добротворната организација Фондација Лионел Меси, четири граѓански организации ги обвинија властите на Ангола за „систематска репресија“.
Организациите, исто така, повикаа на откажување на натпреварот откако 30 лица загинаа минатиот месец во протестите против зголемувањето на цените на горивата.
„Инвестирањето милиони долари во спортски настан додека илјадници луѓе страдаат од глад, додека болниците се уриваат, а репресијата се зголемува не е легитимен приоритет, тоа е навреда на човечкото достоинство“, осудуваат овие организации, повикувајќи го Меси да направи „храбар, етички и хуманитарен чин“, барајќи откажување на овој натпревар.
Ангола е еден од водечките производители на нафта во Африка, но околу една третина од населението од речиси 38 милиони живее во сиромаштија, според податоците на Светската банка.
Спорт
Куруц ќе го пропушти Евробаскетот

Кошаркарска репрезентација на Латвија ќе биде ослабена на претстојното Европско првенство.
Балтичката селекција нема да може да смета на еден од најстандарните играчи во тимот на Лука Банки, Родионс Куруц.
Дека Куруц нема да игра на првенствотобеше јасно кога не беше во составот за „Акрополис Купот“ против Грција.
„За жал, Родионс Куруц нема да ги продолжи подготовките за Европското првенство, бидејќи службените лица на неговиот тим закажаа операција за целосно санирање на повредата на петицата“, се вели во летонското соопштение.
Куруц играше во Мурсија во последните две години, а од следната сезона ќе се врати во Евролигата каде што ќе игра за Басконија.
Латвија ќе игра на Евробаскетот во групата А со Естонија, Чешка, Португалија, Србија и Турција.
Спорт
Aжаксио замина во стечај

Фудбалскиот клуб Ажаксио поднесе барање за стечај до градскиот трговски суд, објави „Парисиен“. Резултатот од оваа постапка ќе биде отпуштање на 180 вработени и затворање на тренинг центарот на клубот.
На 13 август, Француската фудбалска федерација (ФФФ објави дека Ажаксио ќе биде исклучен од Лига 2 за новата сезона 2025/26 поради финансиски проблеми.
Минатата сезона, популарните „Мечки“ од Корзика го зазедоа 12-то место на табелата во Лига 2.
Ажаксио професионален клуб во 1965 година, а неговите бои ги бранеа некои познати француски фудбалери (Мариус Трезор, Доминик Баратели, Клод Ле Роја, Себастијан Скилачи, Стефан Порато, Јохан Кавали…), Франсоа М’Пел од Конго, Романецот Адриан Муцу, мексиканскиот голман Гилермо Очоа, Бразилецот Марселињо Кариока…
Ажаксио беше шампион на втората француска Лига 2 двапати, во 1967 и 2002 година. Во еден период, тренери на овој клуб беа познатиот холандски репрезентативец Руд Крол и познатиот италијански голгетер Фабрицио Раванели.
Пред Ажаксио, банкротираше Бордо а француските медиуми пишуваат дека неколку други клубови се во тешка финансиска состојба.