Регион
(Видео) Српскиот министер за внатрешни посети повреден полицаец, снимка на социјалните мрежи покажува дека тој бил удрен од колега

Група студенти и млади што учествуваат на протестите поради, како што тврдат, кражба на изборите на 17 декември, за денеска најавија шестчасовна сообраќајна блокада на две локации во Белград. Тие во 11 часот се собраа на улицата Бирчанинова пред Министерството за државна управа и локална самоуправа, од кое бараат да се овозможи проверка на избирачкиот список, пренесува „Нова.рс“.
Тој протест траеше еден час, колку што му дадоа на Министерството да одговори на нивните барања, по што следува блокада на два патни правца, чии локации не сакаа да ги откријат од безбедносни причини.
Блокадата на патиштата, како што најавија, ќе трае до 18 часот, а секоја наредна може да биде и подолга доколку не се исполнат нивните барања. Коалицијата „Србија против насилство“ за денеска во 18 часот најави нов протест.
Министерот за внатрешни работи, Братислав Гашиќ, ги посети полицајците што беа повредени во синоќешните нереди. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на Србија, министерот Гашиќ за време на посетата им се заблагодарил на полициските службеници за нивната „истрајност, трпение и професионализам со кои го чуваат мирот и безбедноста на граѓаните и ги штитат законите на Република Србија“.
Тренутак када жандар пендреком разбија главу инспектору у цивилу!
Да се подсетимо, по закону:
“Ударци службеном палицом могу се наносити на велике групе мишића руку и ногу.
Ударци службеном палицом не смеју се наносити у пределу главе, врата, кичменог стуба, грудног коша,… pic.twitter.com/9uwR4Mog6Z
— Немања Шаровић (@NemanjaSarovic) December 25, 2023
Според видеото што се појави на социјалните мрежи, еден полицаец кого министерот го посетил бил удрен со палка во главата од колега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Украинско комбе се судри со руски камион во Словенија, петмина загинати

На автопатот кој ги поврзува Марибор и Љубљана, во близина на излезот Словенска Коњица, во правец на Љубљана, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а две се повредени. Несреќата се случила кога патничко комбе удрилo во камион. Сите жртви биле странски државјани, соопшти словенечката полиција, јавуваат медиумите во регионот.
Според досега утврденото, возачот на комбе со украински регистарски таблички, кое превезувало седум лица, поради несоодветна брзина, удрил во задниот дел од приколка која стоела во ред поради работи на автопат. Пет лица загинале во комбето на местото на несреќата.
Возачот, кој ја предизвикал несреќата, е полесно повреден, додека патничка е тешко повредена. Двајцата повредени се пренесени во болница, а тешко повреденото лице е пренесено со хеликоптер. Идентитетот на загинатите сè уште се утврдува.
Возачот на камионот, руски државјанин, не е повреден, но му е понудена психолошка помош поради сериозноста на несреќата, објавува Радиотелевизија Словенија. Несреќата се случила непосредно пред одморилиштето Тепање, на дел од автопатот каде што се во тек големи работи – се реновираат 13 километри пат, два тунела и три вијадукти. Полицијата потврди дека несреќата се случила пред работната зона каде што се формираат долги редици поради затворени ленти.
Фото: принтскрин
Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.