Свет
Турскиот парламент расправа за членството на Шведска во НАТО
Турскиот парламент попладнево треба да ја продолжи расправата за ратификацијата на шведската кандидатура за членство во НАТО, горливо прашање, дополнително комплицирано откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го поврза со барањето на Анкара, Вашингтон да ѝ продаде борбени авиони „Ф16“.
Шведска и Финска го отфрлија децениското воено неврзување и се обидоа да ѝ се приклучат на одбранбената организација предводена од САД откога Русија ја нападна Украина минатата година.
Нивните барања за членство беа бргу одобрени од сите членки на НАТО, освен Турција и Унгарија. Но, во случајот со Финска тие попуштија, па во април таа стана 31. членка на НАТО.
Турција и Унгарија се единствените членки на НАТО што допрва треба да ја ратификуваат кандидатурата на Шведска 19 месеци откако таа поднесе барање за членство.
Комитетот за надворешни работи на турскиот парламент не успеа да го договори текстот за парламентарно гласање во ноември и ќе се состане повторно во вторник попладне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шефовите на државите од ЕУ сè уште не се договорија што да прават со замрзнатите руски средства
Лидерите на ЕУ побараа од Европската комисија што е можно поскоро да презентира опции за финансиска поддршка за Украина за следните две години, но прашањето за користење на замрзнатите руски средства останува отворено и ќе биде повторно дискутирано на следниот самит во декември.
„Европскиот совет се обврзува да ги реши итните финансиски потреби на Украина за 2026 и 2027 година, вклучително и за нејзините воени и одбранбени напори“, се вели во текстот, кој беше поддржан од 26 земји-членки на ЕУ, сите освен Унгарија.
„Затоа, Европскиот совет ја повикува Комисијата што е можно поскоро да презентира опции за финансиска поддршка, врз основа на проценка на финансиските потреби на Украина, и ги повикува Комисијата и Советот да продолжат со својата работа за да може Европскиот совет да се врати на ова прашање на својот следен состанок“, се додава во него.
Сепак, во споредба со нацрт-заклучоците, текстот повеќе не споменува „конкретни предлози, вклучително и можна постепена употреба на готовина поврзана со замрзнатите руски средства“.
Ова значи дека сè уште нема договор за користење на замрзнатите руски средства за заем од 140 милијарди евра за Украина и дека ова ќе биде повторно дискутирано на следниот самит во декември.
Пред почетокот на самитот, белгискиот премиер Барт де Вевер изјави дека има услови за согласност за заем на Украина со користење на замрзнатите руски средства депонирани во неговата земја. Белгија сака цврсти гаранции дека другите членки исто така ќе го споделат ризикот со неа во случај на евентуална арбитражна одлука дека парите мора да бидат вратени во Русија.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Снимка од Полска: тркало од автомобил падна среде шини додека се приближуваше воз
Драматична ситуација се случи на железнички премин во Катовице, Полска, кога тркало падна од автомобил додека преминувал по шините, предизвикувајќи возилото да се заглави точно на средината од шините.
Возачот и патникот не можеле сами да го извадат автомобилот, а на помош им дошол полицаец кој не бил на должност. Благодарение на неговата брза реакција, сите успеале да го тргнат возилото од шините неколку секунди пред да пристигне возот.
Според видео објавено на социјалните мрежи, трагедијата била избегната буквално за момент.
Свет
Белата куќа: Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател следниот четврток
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател Кси Џинпинг следниот четврток, соопшти Белата куќа.
Трамп ќе присуствува на билатерален состанок со Кси наутро и ќе се врати во Вашингтон навечер, изјави неговата портпаролка Каролин Ливит.
Трамп и Кси планираа да се сретнат на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Јужна Кореја, кој започнува на 31 октомври, но датумот не е јавно објавен.
Американскиот претседател им изјави на новинарите дека верува оти разговорите ќе доведат до договор во трговскиот спор меѓу двете суперсили. Сепак, тој нагласи дека доколку не се постигне договор, САД ќе воведат дополнителни тарифи од 100 проценти за кинескиот увоз од 1 ноември, објави ДПА.
Пекинг сè уште не ја потврдил средбата меѓу Кси и Трамп.
фото: принтскрин

