Скопје
Кисела Вода: Во завршна фаза реконструкцијата на грaдинката „Синоличка” која 50 години чекаше реконструкција
Во завршна фаза се реконструктивните зафати кои месецов се одвиваат во градинката „Синоличка” во населбата 11 Октомври Згради. Со градежни активности е опфатен цел крак од објектот кој опфаќа пет занимални и ходници, поставено е ново штедливо лед осветлување, како и нова ограда, извести општина Кисела Вода.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес ја посети оваа градинка каде секојдневно се згрижени 307 деца, а во која немаше посериозна реконструкција преку 50 години.

„Денес на мое големо задоволство имам можност да видам како напредува работата во објектот „Синоличка“ при ЈДГ „Весели Цветови“, кој на реновирање чекаше повеќе од половина век. Еден цел крак во кој има дури пет занимални и ходници, е зафатен со сериозни инфраструктурни зафати. Поставивме и ново лед осветлување, а целата градинка доби нова ограда што значи подобра безбедност и зголемена естетика. Овој проект е уште еден чекор напред во нашата цел, да создадеме услови за оптимален физички, емоционален и когнитивен развој на децата, кои се иднината и основата на секое успешно општество. Оттука, инвестициите во овој сектор ќе продолжат со зголемена динамика во новата година. Покрај реконструкцијата на објектот во кој сме денес, ќе биде завршена и реконструкцијата и проширувањето на градинката „Пеперутка 1“ во Драчево, во дворот на објектот „Кокиче” чиј капацитет го проширивме за уште 90 дечиња, ќе изградиме нов објект „Верверичка“, а сосема нова градинка ќе изградиме и во Расадник.
Новоотворените градинки и проширените капацитети на повеќето објекти, инвестирањето во нивното опремување, кое за овие две години надмина 17 милиони денари, говорат за нашата посветена работа и намерата во целост да го исполниме ветувањето-во Општина Кисела Вода да нема листи за чекање за упис, а децата да имаат модерни и современи услови за престој во сите наши градинки“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.

