Македонија
„Беса и ДПМНЕ во Општина Тетово да ја повлечат одлуката за верскиот објект на Шапка“, бара СДСМ

СДСМ бара од коалицијата БЕСА и ДПМНЕ во општина Тетово да ја повлечат одлуката за уривање на верското обележје на Попова Шапка и да се воздржат од какви било понатамошни дејствија.
„На Попова Шапка станува збор за црковен имот и верско обележје (крст) во двор на манастир, а не за објект. Какви било провокации и дејствија може да предизвикаат тензии со сериозни последици, да подгреат раздор, верски, политички или етнички поделби меѓу граѓаните.
Сите политички чинители, пред се коалициските партии БЕСА и ДПМНЕ во Советот на општина Тетово треба да работат за доброто на сите граѓани на Тетово“, велат од СДСМ.
„За жал, БЕСА и ДПМНЕ во Тетово со своите одлуки и сценарија сакаат да предизвикуваат штета на граѓаните, соживотот и меѓусебното разбирање.
Загрижува тоа што сите штетни одлуки на Касами во Тетово се поддржани од ДПМНЕ како коалициски партнер на БЕСА.
Секретарот на општина Тетово, вториот човек после Касами е од ДПМНЕ.
Постојат сомневања дека ова е дел од договорено сценарио на ДПМНЕ и БЕСА во предизборието.
СДСМ заедно со граѓаните, со сите разумни и одговорни политички субјекти ќе направи се да не се дозволи сценаријата на БЕСА и ДПМНЕ во Тетово да успеат“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Вреди“: ДУИ како да посакува ВМРО-ДПМНЕ да победи со над 60 пратеници

Најголемите гревови кон сопствениот народ ги прави ДУИ. Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Али Ахмети и Бујар Османи. Само политички аматери не може да предвидат дека на локални заедно со предвремени парламентарни избори, ова ВМРО-ДПМНЕ, во ваква кондиција, со ваква слаба опозиција, ќе биде апсолутен победник. Со мнозинство од повеќе од 60 пратеници, велат од „Вреди“.
„Се додека во парламентарните комбинации нема двотретинско мнозинство без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата СДСМ и ДУИ нема право лажно да плаче за ЕУ перспективите. Малку му беше на ДУИ што меѓудругото и заради нивното криминално поведение во Владата на СДСМ, на минатите парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ од опозиција победи со 58 пратеници, сега и кога се во опозиција со лажните и манипулативни наративи за наводна деалбанизација уште повеќе ги зајакнува.
Албанците не се наивни да веруваат во лагите на ДУИ. Тие бараат предвремени парламентарни избори за да издејствуваат “Пржинска Влада”, во која министер за внатрешни ќе даде нивниот политички контролор СДСМ. Ахмети во тој период од 100 дена гледа шанса да ги уништи доказите за корупција за неговите поранешни функционери“, истакнуваат од „Вреди“.
Според нив, ако нема предвремени парламентарни избори ДУИ не сака да оди само на локални избори.
„Зошто? Затоа што 22 години одеа на избори од позиција на власт, со злоупотреби на МВР, со уцени на вработени во администрација, купуваа гласови со народни пари, полнеа гласачки кутии, ја фаслификуваа волјата на гласачите. Сега се уплашени“.
Коалицијата „Вреди“, како што нагласуваат ќе ги победи на слободни, фер и демократски локални избори.
„Граѓаните ќе ги вратат во реалноста. Конечно, ќе се соочат со за нив многу суровата реалност.
Без програмска и кадровска реформа нема што да бараат од гласачите“.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Црноризец Храбар, општина Аеродром;
– во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Сарај – пат за Љубин (кај Џамијата) општина Сарај;
– во периодот од 09.00 до 11.30 часот, поголем дел од корисниците од објектите со парен број на улицата Иван Цанкар во населба Влае, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Елисе Поповски Марко, Киро Гавриловски, Антон Панов, општина Центар;
– во периодот од 09.00 до 14.30 часот, едл од корисниците од ул. Франц Прешерн со бр. од 20 до 40, општина Карпош;
– во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците на ул Поп Богомил и трнодол, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните и јужните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Времето во наредните денови
Времето во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник и среда утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст.