Спорт
Егзибиција која се претвори во спектакл – Алкараз го победи Ѓоковиќ во Ријад

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по голема борба успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во егзибициски меч во Ријад со 2:1 во сетови.
Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз можеби закажаа ревијален меч во главниот град на Саудиска Арабија, но пред распродадените трибини на „Арената на кралството“ приредија вистински спектакл.
Во првиот „неофицијален“ меч победи играчот кој подобро сервираше: Ѓоковиќ – Алкараз 6:4, 4:6, 4:6.
Шпанецот рано направи брејк во сите три сета, првите два во првиот сервис гем на Новак, во третиот при 1-1, по што на 16-годишниот повозрасниот му требаше многу енергија за да се справи со брилијантниот форхенд на Алкараз. .
Успеа двапати во првиот сет да му го одземе сервисот на Алкатас и да го добие сетот, во вториот не успеа, а во третито потроши многу енергија за да дојде до 3.3 и потоа во деветтиот гем повторно Алкараз направи брејк кои го реши победникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мареј за пет години ќе добие 140 милиони

Киган Мареј, кошаркарот на Сакраменто Кингс, доби нов пет годишен договор вреден 140 милиони долари.
Мареј беше четвртиот избор на НБА драфтот во 2022 година, а Кингс обезбедија долгорочен договор со еден од најважните играчи кој е под договор до 2031 година.
Тој ја започна својата „дебитантска кампања“ многу добро и беше во идеалниот руки тим со одлични партии што го доведоа тимот до првиот плејоф по 17 години.
Киган е еден од тројцата играчи кои постигнале 500 тројки, со 150 блокади и 150 украдени топки во претходните три сезони.
Останатите двајца се Ентони Едвардс од Минесота и Дерик Вајт од Бостон.
Тој е шестиот играч кој потпиша продолжување на договорот оваа година пред рокот, 20 октомври, утврден со правилата на НБА.
Минатата сезона тој имаше просек од 12,4 поени со 6,7 скока и 1,4 асистенции во 76 одиграни натпревари.
Спорт
На 25-годишна возраст една од најдобрите пливачки замина во пензија

Една од најдобрите пливачки на денешницата, Австралијката Аријарне Титмус, изненадувачки објави дека ја завршува кариерата.
25-годишната Титмус освои осум олимписки медали, од кои четири златни, три сребрени и еден бронзен. Исто така таа е четирикратна светска шампионка. Најголемиот успех го постигна во дисциплината 400 метри слободен стил, дисциплина во која е двократна олимписка и светска шампионка, а освои и медали на 200 и 800 метри слободен стил и во штафетните трки 4 x 200 слободен стил.
По Олимписките игри во Париз минатата година, Титмус изјави дека ќе земе една година пауза од натпреварите за да ги „наполни батериите“, па работеше како телевизиски коментатор за време на Светското првенство во Сингапур оваа година.
Сепак, само неколку месеци подоцна, Титмус одлучи да се пензионира.
„Ова е тешка одлука, но сум задоволна. Го сакам пливањето, тоа ми е страст уште од детството, но откако неодамна направив пауза од тренинзите, сфатив дека некои други работи во мојот живот станаа многу важни“, рече Титмус.
Титмус го имаше своето меѓународно деби на Светското првенство во 2019 година во Гвангжу кога ја освои титулата на 400 метри слободно со победа против најтрофејната пливачка на сите времиња, Американката Кејти Ледеки.
Нивното соперништво траеше до Игрите во Париз, каде што Титмус ја одбрани титулата олимписки победник во истата дисциплина во финалето, кое беше наречено „трка на векот“ бидејќи нејзини сопернички беа канадската сензација Самер Мекинтош, која освои сребро, и Ледеки, која мораше да се задоволи со бронза.
Покрај бројните освоени медали, Титмус е и актуелна светски рекордерка на 200 метри слободно со време од 1:52,23.
Спорт
Уапсен Лука Вилдоза

Необичен и скандалозен инцидент се случи синоќа откако Виртус Болоња го победи Монако (77:73), во четвртото коло, во Евролигата.
Плејмејкерот на италијанскиот клуб Лука Вилдоза и неговата сопруга Милица Тасиќ се уапсени под сомнение за напад врз медицинскиот персонал.
Според весникот „Ил Ресто дел Карлино“, сè започнало на улицата Калори, во непосредна близина на салата „Паладоца“, каде што амбулантно возило застанало за да ја запише адресата на следната интервенција.
Во тој момент, поминал автомобилот на аргентинскиот кошаркар, кој, фрустриран од возилото што делумно го блокирало патот, прво неколку пати сигнализирал со фаровите, а потоа го навредил медицинскиот персонал.
Инцидентот не завршил тука. Вилдоза и екипата на амбулантата повторно се сретнале на Виале Силвани, каде што возилото веќе било на должност со вклучени сирени и ротација.
Кошаркарот почнал да сопира и да прави маневри пред амбулантата, отежнувајќи го нејзиното движење. Кога медицинските лица застанале да го прашаат зошто се однесува така, ситуацијата ескалирала.
Вилдоза вербално ја нападнал екипата на брзата помош, обвинувајќи ги дека „го окупираат патот и си играат со телефонот“, а потоа физички нападнал и зграпчил една од медицинските сестри за вратот.
Виртус Болоња се уште не се огласиле по повод овој инцидент.