Регион
Аналитичарот Авдагиќ: Тоа повеќе не е Србија, туку земјата на Вучиќ, политичарите треба да се менуваат како чорапи
Аналитичарот за надворешна политика Денис Авдагиќ во интервју за „Н1“ ги коментираше протестите во Србија, кои уследија по изборите на кои претседателот Александар Вучиќ прогласи убедлива победа на неговата Српска напредна партија.
„Во Србија всушност се е очекувано – од резултатите до реакцијата на опозицијата, до учеството на студентите. Историјата на студентското учество на протестите во Србија започна со Милошевиќ, а не треба да заборавиме дека Милошевиќ падна токму поради студентите. Мора да земеме предвид дека генерацијата што го собори Слободан Милошевиќ и овие денес не се исти“, рече Авдагиќ.
„Знаеме дека младите не се инспирираат од исти работи. Свеста се промени, технологијата. Комуникацијата е многу полесна. Сведоци сме дека луѓето некако се вкочанети, но ова е специфична ситуација. Александар Вучиќ беше на власт долго време, преовладува неговото присуство. По некое време велат дека политичарите треба да се заменат како чорапи“, тврди аналитичарот.
Тој вели дека Србија е киднапирана на некој начин, а опозицијата е многу поделена.
„Србија е под постојана тензија. Опозицијата за да има шанса мора да има лидер. Треба да има лидер на опозицијата. Мислам дека им треба некој што ќе дојде од граѓанската опција и ќе му одговори на Александар Вучиќ. Ја заузда целата држава, тоа на некој начин повеќе не е Србија, туку државата на Александар Вучиќ. Така не работат демократски лидери, туку деспоти“, рече тој.
„Не можеме да кажеме дека Србија не е демократска земја, но демократскиот процес е заробен во рацете на Александар Вучиќ. Тој може да ги презакаже парламентарните избори. Со тоа финансиски ја исцрпува опозицијата.
Тој вели дека времето покажало дека Вучиќ е многу кредибилен партнер за Русија.
„Тој се обидува да ги игра Тито и малата Југославија, но многу неуспешно. Сето тоа е една голема драма и еден голем театар. Ако опозицијата не е способна да најде лидер во оваа ситуација, тогаш не е подготвена да ја преземе власта“, заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

