Скопје
Без вода дел од Центар

ЈП „Водовод и канализација“ известува дека, денеска, поради реконструкција на водоводна мрежа ф-80 мм на улицата Пролет 11, прекин на водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улицата Стив Наумов (Ленинградска) во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8.30 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Oпштина Илинден и оваа година ќе доделува субвенции за инвертер-клими или соларни панели

И оваа година општина Илинден објави Јавен повик за субвенции за купување на инвертер клими или соларни панели. Јавниот повик е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2025 година која предвидува еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели на лица со постојано место на живеење на територија на општина Илинден.
Износот кој го доделува општината како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купена инвертер климата или соларниот панел односно до максимум 10.000,00 денари по производ. Целта на повикот, како што истакна градоначалникот Александар Георгиевски е да се стимулираат граѓаните односно домаќинствата за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.
Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување. Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден кој ќе купи инвертер клима или соларен панел од денот на објавување на јавниот повик од 07.04.2025 се до исцрпување на предвидените финансиски средства за таа намена.
За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.
Македонија
Голема екоакција за собирање текстилен отпад во општина Аеродром

Компанијата „Тексомак“ во соработка со oпштина Аеродром организира екоакција за собирање текстилен отпад.
Првиот дел од оваа акција започнува утре, вторник, 8 април. Контејнери, каде што граѓаните ќе можат да го оставаат текстилниот отпад, ќе бидат поставени на следниве локации:
– ООУ „Лазо Ангеловски“
– ЈДГОА „Срничка“ (главен објект)
– ООУ „Љубен Лапе“
– ЈУДГ „Буба Мара“ (главен објект)
– ООУ „Браќа Миладиновци“
– Зад „Капитол мол“ (пред влезот на „Рамстор“)
Текстилниот отпад треба да биде добро спакуван во пластични ќеси со цел да се избегне негово оштетување.
Следниот чекор е едукација по училиштата и градинките што ќе се одвива во текот на наредниот период, а датумите ќе бидат дополнително објавени, извести општина Аеродром.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, на денеска поради санирање појавен дефект на водоводна мрежа со пречник Ф-1 цол на улицата Ванчо Мицков бр. 18, во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.