Македонија
Учениците од четврто, петто и шесто одделение ќе ги имаат првите дигитални интерактивни учебници, рече Шаќири
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ги најави новите дигитални интерактивни учебници за четврто, петтои шесто одделение, изработени во рамки на првата фаза од процесот на дигитализација на учебниците во основното образование.
Според Шаќири тие ќе служат како дополнителни помагала во образовниот процес.
Народниот правобранител вчера ги изнесе забелешките за нарушувањето на детските права во областа на образованието, нагласувајќи дека претходната и актуелната учебна година се доцнело со навременото издавање на свидетелствата, немало учебници и не биле навремено дистрибуирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Доцни платата за вработените во Јавното претпријатие „Улици и Патишта“
Вработените во Јавното претпријатие Улици и Патишта не ја добиле платата за август која им се исплатува во септемри, иако рокот за исплата е до 15-ти во месецов. Во отвореното писмо до јавноста, вработените тврдат дека се под константни притисоци и се плашат да штрајкуваат, а како главен виновник за состојбата со платите го посочуваат директорот на претпријатието. Тие тврдат и дека претпријатието има пари, но плати нема.
„Платата за месец септември не е исплатена иако постои информација дека Град Скопје пред десетина дена префрлил повеќе од 40 милиони денари. Новоназначениот ВД директор, Ванчо Умленски, наводно го преземал компјутерот од секторот за Финансии и сите средствата ги пренасочил на добавувачи, меѓу кои и 19 милиони денари на „Пуцко Петрол“, иако на вработените им се потребни 15 милиони денари за исплата на платите„, велат Вработени во ЈП Улици и Патишта.
Од Град Скопје тврдат дека парите за плати треба да ги обезбеди самото претпријатие.
Македонија
Свежо утро, а преку ден сончево и релативно топло
Утрово посвежо, а преку ден, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, исто така, утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло време. Според најавите, минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Слично време нѐ очекува и утре, додека за во вторник и во среда, најавено е преодно наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни, со услови за појава на грмежи.
Македонија
Од денес започнува есента
Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.
Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и девет минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. До карјот на годинава остануваат уште 100 дена.
Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 10 часот и 20 минути, кога календарски започнува зимата.
Синоптичарите на првиот ден од есента најавуваат посвежо утро, а преку ден, сончево и релативно топло време со мала облачност и со слаб променлив ветер.