Македонија
(Видео) Митева: Ковачевски потврди дека приоритет му е изборен поткуп, над 2200 вработувања за месец дена
„Ковачевски денес потврди дека со предизборните вработувања единствена цел му е поткуп на гласачи за избори. 7 години СДС и ДУИ се власт, 7 години лекарите, специјализантите, медицинскиот персонал се борат за своите права, за вработување или за подобри услови. 7 години тие се игнорирани. Сега кога власта на СДС и ДУИ е пред заминување на 4 месеци пред избори покажуваат лажна загриженост“, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Намерата на Ковачевски не е искрена и е потценување на медицинските лица. Наместо полу решенија, ВМРО-ДПМНЕ по промената на власта ќе преземе чекори за целосно решавање на проблемите во здравството како од кадровска природа со вработување и поголеми плати за медицинските лица, така и инфраструктурно.
Денешниот чекор на Ковачевски за вработување на 1117 лица не е единствен. Имено ништо не ги запира СДС и ДУИ во намерата да вршат предизборен поткуп со нови вработувања на само неколку месеци пред избори. Само вчера, објавени се нови огласи на кои се отвораат работни места за 37 лица во еден, во само три институции, МИОА 30, ЈПДП 6 и 1 лице во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. И да не го заборавиме тајниот оглас во МВР распишан за унапредување на партиските подобни кадри на Спасовски.
Заклучно со денес, 28.12.2023 а сметано од последните 30 дена, СДС и ДУИ објавија нови над 2200 работни места. Или поконкретно – само 500 во ЕСМ и останатите 600 во различни институции на државата, и сега најава за 1117 во здравството. Со ова СДС и ДУИ планираат да ги компромитираат граѓаните и да ги манипулираат со цел глас повеќе на избори и сето тоа го прават со државни средства, со пари од државниот буџет кој го полнат сите граѓани. За да успее предизборната корупција на СДС сите плаќаме нови задолжувања кои ќе треба да ги враќаме во наредните декади.
Сите овие лица се наоѓаат на списоците на СДС и ДУИ, точно обележани и избројани како идни гласачи на изборите, притисоците и поткупот е нивниот начин на владеење.
Но, СДС и ДУИ треба да се свесни дека сите овие огласи потребно е да бидат предмет на ревизија и секое прекршување и партиско вработување треба да биде најстрого санкционирано. Во Македонија е крајно време да почне да се почитуваат законите и уставот, на јавната администрација треба да престане да се гледа како алатка за партиски активисти, наместо тоа државата и граѓаните имаат потреба од ефикасна, стручна јавна администрација која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Мора да биде составена од најкомпетентните кадри, а не по партиската приоритетна листа на СДС и ДУИ.
Ваквите огласи се една од најглавните причини зошто јавната администрација е на критика на ЕУ и сите меѓународни извештаи. Македонија мора да заврши со лошите практики на владеење, затоа што никогаш не било полошо. Важно да ги поразиме!“, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сали во официјална посета на Украина: посетата има за цел размена на искуства за европската интеграција и поддршка за Украина
Утре првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ќе престојува во официјална работна посета на Киев, Украина.
Во рамки на посетата, Сали ќе учествува на заедничка комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина, и ќе оствари повеќе средби со високи претставници на украинските институции задолжени за европската и евроатлантската интеграција.
Посетата има за цел продлабочување на билатералната соработка, размена на искуства во процесот на европска интеграција и изразување поддршка за Украина.
Македонија
Мицкоски: Создаваме услови во кои знаењето ќе се претвора во иновација, иновацијата во производ, а производот во нови работни места
Со формирањето на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, ја потврдуваме нашата јасна и силна определба Македонија да се позиционира како земја на знаење, наука, истражување, иновации и модерна, конкурентна економија. Како Влада преземаме целосна одговорност да ја водиме оваа трансформација, истакна премиерот Христијан Мицкоски.
Советот, како што оцени, не е само формалност туку механизам преку кој науката, истражувањето и дигитализацијата ќе станат двигатели на економскиот раст.
Според него, самата структура и состав на Советот, кој, како што рече, ги обединува клучните министерства и ресори, академската заедница и експертите од различни области, гарантира интегриран и стратешки пристап во носењето одлуки. Ова тело, оценува тој, ќе обезбеди координација помеѓу образованието, науката, дигиталната трансформација и економските политики.
„Со оваа политика создаваме основа за отворање нови, квалитетни и добро платени работни места. Поддржувајќи ги стартапите, технолошките компании, истражувачките центри и иновативните мали и средни претпријатија, директно инвестираме во подобра економија – економија што создава вредност, извезува знаење и гради долгорочна стабилност.
Во координација со Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација и Министерството за економија и труд како креатори на политиките, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА е главен имплементатор на програмата. Но успехот нема да биде резултат на една институција – туку на заедничка работа. Владата, ИНОВА, универзитетите, истражувачките институти, приватниот сектор и претприемачите мора да дејствуваат како единствен екосистем.
Овој Совет испраќа јасна порака: Македонија избира економија базирана на знаење. Избираме инвестиции во наука и истражување. Избираме дигитална трансформација. Избираме нови работни места, повисока продуктивност и подобар стандард за сите граѓани“.
Македонија
(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски
Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ.
СДСМ, како што рече, ова го најавиле уште во декември 2024 година.
„Сега само се потврди пред очите на македонската јавност. Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. На овој начин ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога кој води до врвот на Владата на Мицкоски. Но и бројните скандали со криминални тендери за кои повеќе од 80 дена нема никакви оддговори.
161 тендер за семејна фирма на Томовски, 51 тендер за „Пирамид Билдинг“, 74 тендери за „Ленди Груп“, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендер преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ“.
Според Кузеска, сите тендери водат до најтесниот круг околу Мицкоски а повеќе од 80 дена нема реакција од обвинителството.
„Повеќе од 20 денови нема одговори за 5 тони дрога, нема одговори за сликите со Симе, за Адамовиќ. Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата но ќе добијат театар, како денеска.
Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски.
Сакаше да се претставува како чесен, но по бројните скандали, скапите часовници и луксузирањата на грбот на народот со авион веќе е прочитан од граѓаните.
Copy-paste по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е во пад највува некое апсење. Немаат одговор на скандалите, веднаш прават дефокус“.
Се отвори прашањето, додава таа, кој од актуелните функционери во Владата на Мицкоски ќе одговара и затоа, според неа, им е потребен Артан Груби.
Цела, како што оценува, е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ.
„Како што се поврзуваше кампањата со марихуаната од Струмица, како што имавме можност да видиме и со оваа најава на Жан, со купишта натписи пред неколку недели за наводна поврзаност меѓу СДСМ и ДУИ. А вистината е дека ВМРО-ОКГ се во дил со ДУИ. Власта го презема судството и обвинителството под своја контрола, се рушат предметите на СЈО сега е вистинско време Груби да се предаде. Кој се смее кога го апсат? Како нема ниту една камера од 65 илјади за 5 тони дрога а има камери за Груби? Ова нема да помине. Секој што го прекршил законот ќе одговара“.

