Скопје
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје ја изгласа иницијативата за враќање на споменикот на Ќосето

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје ја изгласа иницијативата за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето.
„Сметаме дека овој историски лик заслужува спомен обележје и заемна почит. Фрапира антимакедонското однесување на СДС која се противеше на поставување на спомен обележјето што преставува продолжува на нивните политики за разградување на македонското јадро“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По изгласувањето на одлуката, на потег е Арсовска која не треба да потклекне на влијанијата на нејзината коалиција во Советот предводена од СДС која е јасно против ваквата иницијатива“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Герасимовски на утрински појадок со жените пензионерки од општина Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски денеска се сретна со дел од активот на жени пензионерки од Општина Центар на утрински појадок, каде се водеше отворен разговор за теми важни за нивниот секојдневен живот.
Со внимание ги слушнавме нивните забелешки, предлози и идеи, кои се од големо значење за креирање на политики што ќе ја унапредат благосостојбата на пензионерите, известуваат од Општината.
„Пензионерите се темелот на нашето општество. Од нив учиме, за нив се грижиме и со нив градиме подобра Општина Центар”, истакна Герасимовски.
„Грижата за повозрасните сограѓани останува наш приоритет – затоа што почитта кон нив е темел на здраво општество“, велат од Општината.
Македонија
Без струја дел од општина Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата 2 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.35 до 12.00 часот, корисниците од улиците Студеничанска и Драчевска, како и корисниците од реонот кој гравитира кон улицата Јустинијан Први, општина Кисела Вода.